Економија
Најголемите кредитори се согласија со отписот на грчкиот долг
Група големи грчки заемодавачи ја прифатија програмата за преструктуирање на грчкиот долгот (PSI), соопшти во понеделникот Институтот за меѓународни финансии (IIF), кој преставува најголем дел од приватните доверители на Грција.
Група големи грчки заемодавачи ја прифатија програмата за преструктуирање на грчкиот долгот (PSI), соопшти во понеделникот Институтот за меѓународни финансии (IIF), кој преставува најголем дел од приватните доверители на Грција.На листата од 12-те најголеми доверители на грчкиот долг се наоѓаат најголемите германски банки „ Commerzbank“ и „Deutsche Bank“, француската банка „BNP Paribas“, грчките „National Bank of Greece“ и „Eurobank EFG“, како и германската осигурителна компанија „Allianz.Европските приватни банки и осигурителни компании на 21-ви февруари начелно се согласија да отпишат 107 од вкупно 200 милијарди евра грчки државни обврзници коишто се во нивен посед, од што голем дел е кај грчките банки, а од водечките европски банки покрај споменатите „BNP Paribas“ и „Commerzbank“, предничи и белгиската банка „Dexia“.Наведените податоци ги доставија самите институции и се однесуваат на состојбата од крајот на септември 2011 година, освен во случаите во коишто поинаку е наведено.Од грчките банки најмногу државен долг поседува NBG во износ од 8,7 милијарди евра, а следат „Piraeus bank“ со 7,7 милијарди, „Eurobank“ со 6.9 милијарди и „Alpha Bank“ со 3,1 милијарди евра. Меѓу водечките европски банки далеку најмногу грчки државен долг држи француската банка „BNP Paribas“ со 1,6 милијарди евра, според податоците од крајот октомври 2011 година, германската банка „Commerzbank“ со 1,4 милијарди и белгиската банка „Dexia“ со 1,3 милијарди банки. Значајни суми од грчките државни обврзници меѓу француските банки има и кај „Societe Generаle“ во износ од 800 милиони евра.Италијанските банки се помалку изложени на грчкиот јавен долг, па така „Intesa Sanpaolo“ поседува 586 милиони евра, „UniCredit“ 221 милиони а „Mediobanca“ 200 милиони евра. Кај австриските банки најголем износ од грчкиот државен долг е пријавен од страна на банката „Volksbank“ од 60 милиони евра, додека според податокот од крајот на октомври 2011 година кај „Erste Group“ има 13,1 милиони евра. Швајцарските банкарски гиганти „Credit Suisse“ и UBS поседуваат 83 односно 53 милиони евра. Од британските банки најголем износ од грчкиот државен долг држи „Royal Bank of Scotland“ во висина од 822 милиони евра, според податокот од крајот на 2011 година. Меѓу водечките европски осигурителни компании најголеми износи од грчкиот државен долг држат германските „Allianz“ со 500 милиони евра и „Munich Re“ со 400 милиони евра според податоците од крајот на 2011 година, француската AXA со 300 милиони евра од крајот на април 2011 година, италијанската „Generali Group“ со 200 милијарди евра, австриските „Uniqa“ со 174 милиони евра и „Vienna Insurance Group“ (VIG) со 9,7 милиони евра, според податокот од крајот на 2011 година. Повеќето од приватните грчки кредитори веќе на име средства за резервирање издвоиле најмалку 55 отсто од вредноста на грчкиот државни обврзници во нивен посед, а најновите отписи евидентирани се во деловните извештаи за целата мината година.Вкупниот трошок на отписот со кој на крајот банките и осигурителните компании ќе известат, би можел да изгледа значително поголем, бидејќи во пресметката за вкупните загуби ги вклучуваат и загубените добивки за целиот период на траење на долгот.Ова соопштение на големите грчки кредитори доаѓа во време на стравувањата дека грчкото преструктуирање на долгот може да биде неуспешно поради малиот процент на учество на доверителите. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до полноќ на 8-ми март, а самата зделка треба да се биде реализирана до 20-ти март, кога Грција треба да исплати кредити за обврзници во висина од 14,5 милијарди долари. Без реструктиурањето на долгот, односно отписот, на земјата и’ се заканува банкрот.Успешното спроведување на договорот со приватните кредитори за отпис на 107 милијарди евра долг е предуслов за Грција да ја добие преостанатата сума од другиот пакет меѓународна финансиска помош за спасување од 130 милијарди евра.Приватните инвеститори имаат рок до четвртокот на полноќ да одлучат конечно дали ќе ги заменат грчките обврзници коишто ги имаат во сопственост за нови со помала номинална вредност на 53 отсто, со пониски каматни стапки и подолг рок на отплата.Тие ќе изгубат околу 75 отсто од вредноста на своите обврзници, но за возврат веднаш ќе добијат дел од парите кои им ги должи Атина и барем ќе имаат надеж дека уште нешто ќе им биде вратено во следните 30 години.Грција без тој договор за отпис на дел од долгот и новата помош за спасување би банкротирала за неколку седмици, со што би го потресла светскиот финансиските систем.Од грчка страна беше соопштено дека доколку приватните доверители не сакаат да отпишат повеќе од две третини од нејзиниот долг, што е потребни за успешно спроведување на планот, ќе биде преземена постапката на колективно дејствување, што овозможува размена на долгот со малцинството иматели на нејзините обврзнициРејтинг агенциите го оценија ваквото обраќање кон инвеститорите како промена на условите на кредитот, при што заемопримачот влегува ретроактивно, и ќе доведе до технички банкрот. Како резултат на тоа, агенцијата Standard and Poor’s го намали рејтингот на Грција на „селективен банкрот“ (SD), додека Moody’s го симна долгорочниот рејтинг на земјата на најниското ниво на неговата скала, на предбанкротно ниво „С“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Време е за нов лаптоп, а не знаеш од каде да ја почнеш потрагата?
Пронаоѓањето на идеалниот лаптоп честопати знае да биде исцрпувачки процес. Помеѓу перформансите, дизајнот и цената, купувачите често поминуваат недели во истражување, чекајќи го вистинскиот момент за својата следна инвестиција.
За сите оние кои веќе некое време разгледуваат, но сè уште ја немаат донесено финалната одлука, Анхоч ја започнува својата најнова кампања која ги отстранува сите дилеми.
Под слоганот „Вистински избор. Во вистинско време“, компанијата нуди услови кои ја прават технологијата подостапна од кога било досега.
Технологија без финансиски бариери
Главниот фокус на оваа акција е олеснувањето на начинот на плаќање. Свесни дека квалитетниот лаптоп е неопходна алатка за работа, учење или креативност, од Анхоч овозможуваат купување до 24 рати со 0% камата. Ова значи дека корисниците можат да го добијат најдобриот уред веднаш, а да го плаќаат на рати кои не го оптоваруваат месечниот буџет, без дополнителни скриени трошоци.
Подарок за секоја нова приказна
Покрај одличните финансиски услови, секој купувач на лаптоп во овој период добива и подарок – квалитетен ранец. Со овој гест, Анхоч сака да ја заокружи корисничката вредност, обезбедувајќи сигурност и мобилност за новиот уред од првиот ден.
Избор кој не познава компромиси
Со понуда од над 200 модели, кампањата ги опфаќа сите сегменти:
· Бизнис корисници кои бараат издржливост и професионалност.
· Студенти и ученици на кои им е потребен лесен и функционален уред.
· Гејмери и креативци кои не прават компромис со перформансите.
Акцијата е веќе активна во сите продажни салони на Анхоч низ Македонија, како и на нивната онлајн продавница, и ќе трае до 02.03.2026 година.
ПР
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
ССКМ со поддршка за македонските транспортери
Сојузот на стопански комори на Македонија во која членуваат голем број на мали и средни компании директно поврзани со ланецот на транспорт и стоки кој се одвива во земјата и надвор од неа сериозно е загрижен за, како што велат, можните нарушувања кои ќе доведат до неконкурентна положба на македонскиот бизнис сектор.
„Стравуваме дека со продлабочување и пролонгирање на создадените проблеми во транспортниот сектор (камионскиот транспорт) и зависноста на македонските компании и странски инвестиции од 96% ,се создава можност за дополнителни фискални инпликации и намалување на нивната конкурентност на Европскиот пазар на среден и долг рок“, се наведува во соопштението на ССКМ.

