Македонија
Командантот на СЕЕБРИГ во посета на ГШ и МО

Командантот на СЕЕБРИГ, бригаден генерал Хакан Есер, оствари средба со Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.
Бригадниот генерал Хака Есер, во период од 27-ми до 30-ти ноември ја предводи делегацијата од СЕЕБРИГ која ќе изврши евалуација на нашите единици декларирани во оваа бригада.
Во текот на посетата делегацијата оствари посета и на командантот на ЗОК, генерал – мајор Методија Величковски и изврши евалуација на декларираната механизирана пешадиска чета од составот на 1. механизиран пешадиски баталјон од 1 механизирана пешадиска бригада. Во текот на денешниот ден делегацијата ќе продолжи со својата активност при што ќе изврши евалуациска посета и на декларираниот инженериски вод од составот на инженерискиот баталјон во касарната Илинден во Скопје.
Бригадата на Југоисточна Европа, СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade) е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција во Скопје. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на четиригодишна ротациона основа, а нејзини домаќини се следниве градови: Пловдив, Констанца, Истанбул (до јуни 2011) и Лариса од јуни 2011-2015.
Единиците кои се назначени во Бригадата остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички и соодветната директива од Политичко-воениот управен комитет (ПВУК).
Позицијата Командант на СЕЕБРИГ ротира помеѓу земјите учеснички на двегодишен период. Во период од 2011 – 2013 година Командант на Бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Република Македонија.
Според оценките од последната контрола извршена во април 2012, кај декларираните сили од Македонија не постојат никакви недостатоци и тие се подготвени за упатување во мисија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)