Контакт

Вести

Русите со бомбите со натписи За нашите и За Париз убиле 600 екстремисти

Објавено пред

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во петокот изјави дека во нападите со крстаречки проектили врз цели на екстремната сунитска организација Исламска држава во сириската покраина Деир-ез-Зор се убиени повеќе од 600 бунтовници, додавајќи дека со истите удари значително е ослабена можноста за финансирање на споменатата терористичка организација.

dobivaj vesti na viber

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу во разговорот со претседателот и врховен командант Владимир Путин го известил дека започнало координирањето на операциите меѓу руските и француските сили во борбата со терористичките групации во Сирија, пренесува агенцијата РИА.

На кадрите коишто ги емитуваше телевизијата Россия 1 се гледа дека на бомбите коишто ги исфрлаат руските авиони врз позициите на милитнатите се напишани пораките „За нашите!“ и „За Париз!“, алудирајќи на падот на рускиот авион во Египет од 31-ви октомври кога загинаа 224 луѓе и нападите од 13-ти ноември во француската престолнина Париз со 130 жртви, за што одговорноста на презема Исламската држава.

Од 30-ти септември Русија по барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад изведува воздушни удари врз позициите на џихадистичките групации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра и за тоа време според министерството за одбрана биле извршени над 2.000 борбени летови, при што се уништени повеќе стотици милитанти, и околу 3.000 цели на терористите. Од вторникот руската авијација започна со масивни удари кои ги изведуваат стратешките бомбардери со долг дострел од видовите „Ту-160“, „Ту-95МС“ и „Ту-22М3“.

Според Шојгу, во изминатите четири дена нападите биле фокусирани врз челниците на терористичките групи, логистиката, контролните позиции и особено инфраструктурата со којашто Исламската држава ги експлоатира сириските енергетски ресурси од кои на црниот пазар остварува големи профити со коишто ги финансира своите терористички активности.

Покрај воздушните удари, рускиот министер за одбрана истакнал и дека во петокот биле лансирани и 18 наведувани крстосувачки проектили од бродовите на Касписката флота со кои биле гаѓани цели ви сириските покраини рака, Идлиб и Алепо, при што се „погодени сите цели“.

Според него, во петокот ударите биле изведувани од акваториумите на Средоземното и Каспиското Море, на оддалеченост до 1.500 километри од целите, а авионите полетувале од аеродромите во Сирија и во Русија.

Во изминатите четири дена од активностите на стратешките бомбардери биле изврени 522 летови и лансирани 101 крстосувачака ракета, и повеќе тони различни видови бомби, при што биле уништени 826 цели на милитантите. Во петокот бројот на борбени летови од аеродромите во Сирија бил двојно зголемен на борбени 69 полетувања, а дневно се вршат вкупно 143 летови. Додека поморската група во сириската операција брои десет бродови, од кои четири се стационирани во Средоземното Море.

Шојгу истакнал дека главна цела на последната кампања е нанесување сериозни штети врз капацитетите кои на Исламската дражва ѝ носат финансии, така што биле уништени 15 објекти за складирање горива и уништени 525 цистерни, со што „е запрена испораката на околу 60.000 тони нафта дневно, со што терористите губат по 1,5 милиони долари дневно“.

Исламската држава трпи и значителни загуби во жива сила, и само во напад врз еден од објектите во покраината Деир-ез-Зор биле уништени повеќе од 600 милитанти, според Шојгу.

Во извештајот Шојгу истакнал и дека е забележано намалено пристигнување на нови борци за терористичките групи во Сирија, а од друга страна бил зголемен бројот на милитантите кои ги напуштаат воените зони кон север и југозапад на Сирија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето за значењето на изјавата на претседателот Путин за „наредните фази“ од воената операција, истакна дека не се разговара за можна копнена операција на руските војски во Сирија. „За тоа не се разговараше, ниту во моментов се разговара“, одговори Песков за новинарите.

Во посебно соопштение во петокот, руското министерство за надворешни работи соопшти дека министерот Сергеј Лавров разговарал со американскиот државен Џон Кери телефонски разговарале за неопходноста од заедничкото дејствување во борбата против Исламската држава и неопходноста од преговорите меѓу владата во Дамаск и вооружената опозиција./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ48 минути

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија4 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија4 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ4 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија4 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет6 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа6 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет8 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет8 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет8 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа9 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија18 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет19 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет22 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет22 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...