Свет
Остром и Вилијамсон добитници на Нобеловата награда за економија
Американските економисти Елинор Остром и Оливер Вилијамсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2009…
Американските економисти Елинор Остром и Оливер Вилијамсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2009. година за својот труд во областа на економското управување. Ова денеска го соопшти Шведската кралска академија, која со наградата и оддаде признание на Елинор Остром затоа што покажа како „може да се управува со заеднички имот“, додека на Вилијамсон за „теоријата при решавање на спорови во корпоративниот сектор“. Остром, 63. добитничка и прва жена што ја доби Нобеловата награда за економија од основањето во 1968. година, е професорка на Универзитетот Индијана во Блумингтон. Вилијамсон работи како професор на калифорнискиот универзитет Беркли. „Во последните 30 години, нивната работа го унапреди истражувањето во управувањето и тоа од работ дојде во центарот на научното внимание“, се вели во образложението на Комитетот што ја доделува оваа награда. Наградата за економија официјално се нарекува Награда на Шведската централна банка за економски науки во чест на Алфред Нобел, востановена во 1968. и не е дел од изворната група награди предвидени со тестаментот на изумителот на динамитот Алфред Нобел. Трудот на Елинор Остром покажува како економските трансакции можат, освен на берзата, да се случуваат и во компаниите, здруженијата, домаќинствата и агенциите. Вилијамсон, роден 1932. година, покажал како компаниите „служат како структури за решавање на судирите“, се вели во соопштението на Академијата. /крај/хи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња
Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болните времиња во бракот“.
Во разговор за подкаст на NPR, таа рече дека чувствува „огромна тага“ за жртвите на Епстин и дека луѓето именувани во досиејата, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, мора да бидат одговорни, објави Би-Би-Си.
„Многу сум среќна што сум подалеку од целата таа нечистотија“, рече Френч Гејтс.
Двојката се разведе во 2021 година по 27 години брак.
„Лично, ми е тешко секој пат кога овие детали излегуваат на виделина бидејќи ме враќаат во некои многу, многу болни времиња во мојот брак“, рече таа во подкастот „Wild Card“.
Таа додаде: „Какви и да се прашањата што остануваат неодговорени – а не можам ни да замислам што се сите – тоа се прашања за тие луѓе, вклучувајќи го и мојот поранешен сопруг. Тие треба да одговорат на тие работи, а не јас“.
Документите објавени од Министерството за правда на САД го вклучуваат тврдењето на Епстин дека Бил Гејтс се заразил со сексуално пренослива болест. Се чини дека Епстин составил две е-пораки на 18 јули 2013 година, но не е јасно дали некогаш биле испратени до Гејтс.
Двата биле испратени од е-поштата на Епстин и вратени на истата сметка, при што адресата поврзана со Гејтс не била видлива, а пораките биле непотпишани. Еден мејл бил напишан како писмо за оставка од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, во кое се жали дека морал да купи лекови за Бил „за да се справи со последиците од сексуалниот однос“.
Во вториот мејл, кој започнува со „драг Бил“, Епстин се жали што Гејтс го прекинал нивното пријателство и изнесува дополнителни обвинувања дека Гејтс се обидел да скрие сексуално пренослива инфекција, вклучително и од неговата тогашна сопруга Мелинда.
Регион
14 мигранти загинаа во судир со брод на крајбрежната стража кај Грција
14 мигранти загинаа во Егејското Море откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека го забележале бродот што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад.
„Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го судирот“, изјавил службеникот за Ројтерс. Ројтерс не можел независно да потврди точно како се случил судирот. Двајца припадници на грчката крајбрежна стража биле однесени во болница на Хиос, заедно со 25 спасени мигранти, според првичните информации од крајбрежната стража, објави АФП.
Меѓу повредените се бремена жена и седум деца, објавија грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ и новинската агенција АНА. Крајбрежната стража соопшти дека е во тек операција за пребарување и спасување, со помош на бродови на крајбрежната стража, приватни чамци и нуркачи.
Свет
Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време САД да се свртат кон други теми по објавувањето на новите документи поврзани со Џефри Епстин, тврдејќи дека тие не содржат ништо што би го инкриминирало.
Трамп го изјави ова како одговор на прашањата од новинарите за време на потпишувањето на законот во Белата куќа. Кога беше прашан за досиејата на Епстин, тој рече дека во најновото објавување се споменуваат само документи во кои Епстин, како што тврди, наводно соработувал со новинар за политички да му наштети на Трамп.
„Тоа е заклучок на Епстин, што се однесува до Трамп“, рече американскиот претседател.
Тој додаде дека ова е „демократски проблем, а не републикански проблем“ и рече дека „навистина е време земјата да премине на нешто друго, сега кога ништо не се појави за мене“.
Трамп се осврна и на оставката на Питер Манделсон од британскиот Дом на лордовите, велејќи дека не бил свесен за тоа.
„Не знаев за тоа. Знам кој е тој. Срамота е“, рече тој.
Тој, исто така, коментираше за согласноста на Бил и Хилари Клинтон да сведочат пред Конгресот на САД во истрагата за злосторствата на Епстин. Трамп ги повтори своите претходни изјави дека му е жал за поврзаноста на поранешниот американски претседател со Епстин, додавајќи дека „секогаш го сакал“.
По напуштањето на функцијата на почетокот на 2000-тите, Бил Клинтон неколку пати патувал со приватниот авион на Епстин, а објавените документи вклучуваат фотографии од поранешниот претседател.
Во своите мемоари од 2024 година, „Граѓанин: Мојот живот по Белата куќа“, Клинтон напиша: „На крајот на краиштата, иако ми овозможи да ја посетам работата на мојата фондација, патувањето со авионот на Епстин не вредеше за годините испрашување што следеа. Жалам што никогаш не го запознав“.

