Свет
Инспекторки се правеле британски туристки
Инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), викендов, во Прилеп,
Битола, Охрид, Ресен и Струга затвориле 34 угостителски објекти поради неиздавање
фискални сметки и нерегистриран готовински промет.
ФИСКАЛНА РАЦИЈА
Инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), викендов, во Прилеп,
Битола, Охрид, Ресен и Струга затвориле 34 угостителски објекти поради неиздавање
фискални сметки и нерегистриран готовински промет. Во акцијата учествувале
млади инспектори од Скопје, Битола и Прилеп, кои во кафулињата и ноќните
клубови воопшто не се разликувале од останатите гости. Во охридските кафулиња
тим од инспекторки се преправале дека се туристи од Велика Британија и
зборувале на англиски јазик. Се забавувале, играле и пиеле како и сите други
гости, додека ги набљудувале келнерите дали на гостите редовно им даваат
фискални сметки.
– Воопшто не се разликуваа од останатите гости. Влегоа во локалот, си седнаа на
една маса и нарачаа пијачки. Се забавуваа, дури и играа. Воопшто не личеа на
инспектори, – раскажуваа вчера стружани кои биле очевидци на контролата што се
случила во саботата навечер од 10.30 до три часот наутро.
Во центарот на Струга даночниците исконтролирале 10 локали, а затвориле пет.
Стружани раскажуваа дека на инспекторите повеќе работа им се отворила во Охрид,
каде од 15 исконтролирани локали, решение за 30 – дневна забрана за работење
добиле 9 објекти. Во едно познато кафуле, газдата се обидел на инспекторите
кафето да им го наплати по 90 денари зашто мислел дека се странци, бидејќи
зборувале само на англиски јазик.
Инспекторите се легитимирале дури откако ќе побарале сметка.
Акцијата на даночниците почнала доцна вечерта во петокот во Прилеп, при што
исконтролирале 20 локали, а затвориле 10. Еден од затворените локали, како што
дознавме вчера, е во сопственост на инспекторка на УЈП – Прилеп. Според
инспекторите, најмногу отпор имале токму во овие прилепски локали и во Струга,
но акцијата минала без полициска асистенција.
Деветте тимови на УЈП во саботата провериле 39 локали во Битола и затвориле
осум, а во Ресен од седум локали затворени се два.
Пицериите и сендвичарниците кои добиле решенија за затворање, имаат три дена од
локалите да ја изнесат лесно расипливата стока, а останатите локали се веднаш
пломбирани, информираат од УЈП. Покрај забраната за работа, прекршителите ќе
платат и глоба во висина од 1000 евра за правното лице и 500 евра за управителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

