Свет
Самит во ОН за светската економска криза

Тридневен самит на светските лидери се одржува од денеска во седиштето на Обединетите нации(ОН) во Њујорк, на чиј дневен ред ќе биде глобалната
Тридневен самит на светските лидери се одржува од денеска во седиштето на Обединетите нации(ОН) во Њујорк, на чиј дневен ред ќе биде глобалната економска криза.
Целта на самитот е да се идентификува итноста и долгорочниот одговор за да се минимизира ударот на кризата, посебно кај најпогодените земји.
Се очекува да стане збор и за потребата од дијалог за трансформацијата на меѓународната финансиска архитектура. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“
Европа
Макрон: Околу 20 земји едногласно го поддржуваат предлогот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постои единство меѓу околу дваесетина земји околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот.
На прашањето дали се разговара за испраќање европски војници во Украина, тој одговори дека таквите теми се во надлежност на воените команди и дека разговорите веќе се започнати и ќе продолжат.
Тој потсети дека рускиот портпарол Дмитриј Песков претходно изјави дека прекин на огнот може да се разгледа само ако Западот престане да испраќа оружје во Украина.
„Чекаме руски одговор. Топката сега е на нивен терен“, рече Макрон.