Свет
Несогласувањата во кабинетот на Oбама не можат да се скријат
Во кругот на најблиските соработници на претседателот на САД, Барак Обама, постојат недоразбоирања што не можат повеќе да се скријат, пишува денеска британскиот печат
Фајненшнал Тајмс наведува дека за секоја влада лош знак е кога нејзините членови почнуваат повеќе да се грижат за внатрешните несогласувања, отколку за интересите на граѓаните. Во последните неколку недели, Белата куќа почна да пати од синдромот „дворски интриги“, додека различните групи меѓусебно се обвинуваат за она што веќе се нарекува „Пропуштената година на Обама“. Централна фигура на расправиите е дрскиот шеф на кабинетот на Обама, Рам Емануел, кого, како што пишува Фајненшнал тајмс, меиумите и противниците го обвинуваат за политичка парализа на американската администрација.Постои опасност парализата да се продлабочи, а се поблизу се дополнителни избори за Конгресот, пренесува весникот.Во текстот се укажува на соперништвото кое постои меѓу членовите на некогашните изборни штабови на Обама и сегашниот државен секретар, Хилари Клинтон.Доколку сеопфатната реформа на здравството помине во Конгресот, Обама ќе влезе во историјата. Во спротивно, во ноември на демократите ќе им остане да ги забечежат губитоците и да се расправаат за тоа кој е виновен за поразот, анализира Фајненшнал тајмс. „Френклин Рузвелт еднаш рече дека луѓето кои работат за претседателот на САД треба да поседуваат желба за анонимност. Некој заборавил тоа да му го каже на Барак Обама“, заклучува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

