Македонија
Полицајците поуспешни од Комитите

Припадниците на безбедносните сили од полициската станица Центар се покажаа поумешни на фудбалски терен членовите на
Припадниците на безбедносните сили од полициската станица Центар се покажаа поумешни на фудбалски терен членовите на навивачките групи „Комити“ и „Легија“, совладувајќи ги со резултат од 6:2.Фудбалскиот натпревар беше во организација на Агенцијата за млади и спорт и МВР, а беше под мотото „Стоп за насилството во спортот“.„Овој натпревар е симболична акција која МВР ја спроведува во соработка со спортските клубови и федерации и навивачките групи а има за цел да створи поголема безбедност и подобри услови за одигрување на спортските натпревари и на спортските терени“ изјави Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Ова е само почеток. Потоа ќе следи формирање советодавна група каде што директно учество ќе земат Комитите, Легија 5 навивачи, ФФМ, клубовите Вардар и Работнички и сите други релевантни фактори кои придонесуваат за спортот, и пред секој ревијален натпревар или настанат проблем ќе седнеме на маса и ќе ги разгледаме работите за побезбедно да се чувствуваат граѓаните на Македонија кога ги посетуваат натпреварите.“ изјави Никола Бочкаров виш инспектор за превенција во полициската станица Центар. /крај/фрм/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.