Свет
Вулканот Кизимен на Камчатка исфрла пепел на височина до шест километри

Активниот вулкан Кизимен на рускиот полуостров Камчатка на Далечниот исток исфрла облаци пепел на висина и до шест километри, изјави денеска претставник на Институтот за вулканологија и сеизмологија при руската Академија на науките, пренесува Риа НовостиТој додаде и дека сеизмолозите во изминатите 24 часа регистрирале околу 200 локални потреси во близина на вулканот. Сателитите кои ги следат промените во временските услови, според Институтот, не можат да регистрираат во кој правец се движи облакот со пепел, ниту пак до каде е стигнат. Во градот Петропавловск, каде што живее 64 проценти од населението на полуостровот, регистрирани се обилни врнежи од пепел. На Камчатка има повеќе од 150 вулкани, од кои 29 се активни. Вулканот Кизимен се наоѓа на 265 километри од Петропавловск. Последната ерупција на Кизимен со лава е регистрирана кон крајот на 1920-те години. Вулканот повторно се активираше минатиот јуни, а нова ерупција започна во декември. Научниците не исклучуваат дека последнава ерупција може да резултира и со излевање на лавата. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.