Економија
МБИ-10 скокна за 5,89 насто
Индексот МБИ-10 на Македонската берза за хартии од вредност на тргувањето во вторник скокна за 5,89%, на 3.741,88 индексни поени
Индексот МБИ-10 на Македонската берза за хартии од вредност на тргувањето во вторник скокна за 5,89%, на 3.741,88 индексни поени.
МБИД порасна за 1,66% при вредност од 3.937,67 индексни поени. ОМБ имаше раст од 0,70%, позиционирајќи се на ниво од 107,30 индексни поени.
Берзата за хартии од вредност во вторник оствари промет од 66.807.832,64 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 34.320.978,64 денари при реализирани 306 трансакции. На редовниот пазар се оствари промет од 32.486.854,00 денари, а беа реализирани 135 трансакции.
Од официјалниот пазар најтргувана беше Гранит Скопје со промет од 9.935.383,00 денари. Просечната цена од 961,15 денари значеше скок од 6,15% на дневно ниво. Истргувани беа 10.337 акции преку 60 трансакции. Минималната цена изнесуваше 930,00 денари, а максималната 1.002,00 денари.
Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 5.437.523,16 денари. Просечната цена изнесуваше 82,17% од номиналната вредност, додека дневниот пораст беше 2,22%. Истргувани беа вкупно 108.184 обврзници.
Комерцијална Банка Скопје оствари промет од 3.941.450,00 денари. Со просечната цена од 3.778,95 денари постигнат беше пораст од 8,03%. Истргувани беа вкупно 1.043 акции кои се реализираа преку 22 трансакции.
Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со Прилепска Пиварница Прилеп со која се оствари промет од 16.979.750,00 денари. Просечната цена од 14.999,78 денари значеше висок пораст од 7,14%. Истргувани беа вкупно 1.132 акции преку 10 трансакции.
Акцијата на Интермаркет АД Тетово оствари промет од 6.010.110,00 денари. Просечната цена изнесуваше 1.935,00 денари. Истргувани беа 3.106 акции преку 10 трансакции.
Комерцијална Банка Скопје на ден 19.10.2009 година заврши со петтата емисија на хартии од вредност/продажба на сопствени акции. Реализацијата на емисијата е 0%, а хартиите од вредност од петтата емисија нема да бидат пријавени за упис во трговскиот регистар и во депозитарот на хартии од вредност. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Прилепска Пиварница Прилеп2. Гранит Скопје3. Интермаркет АД Тетово4. Р.Македонија – Денационализација 08 5. Комерцијална Банка Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Квасара Битола 40,70%2. Фустеларко Борец Битола 12,50%3. Охридска Банка Охрид 8,93%4. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 8,41%5. Комерцијална Банка Скопје 8,03% Хартии од вредност со најголем пад1. Хотели Метропол Охрид 9,81%2. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 5,57%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

