Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – во тестот од насловната страница „Три илјади ’кодоши’ бегаат од лустрацијата“, го цитира претседателот на Комисијата за верификација на фактите или попопуларно кажано за лустрација,
„Дневник“
во тестот од насловната страница „Три илјади ’кодоши’ бегаат од лустрацијата“, го цитира претседателот на Комисијата за верификација на фактите или попопуларно кажано за лустрација, кој вели дека законски обврзниците кои не поднеле изјава за несоработка со тајните служби автоматски добиваат забрана за вршење јавна функција, додека самата Комисија по автоматизам врши проверка дали биле соработници на тајните служби. Според податоците на комисијата, околу три илјади вршители на јавни функции не ја испочитувале законската обврска дека не соработувале со тајните структури.„Нова Македонија“
во „Резервистите поризични од професионалците“, навраќајќи се на поствоениот синдром пишува дека посебен проблем претставува и фактот што ретко кој од лицата ангажирани во одбрана на земјата во 2001 година се одлучува да побара стручна помош. Бранителите кои учествувале во редовите на МВР и АРМ во конфликтот пред десет години се поизложени на поствоениот синдром отколку припадниците на професионалните единици на безбедносните сили, кои се претходно обучувани за справување со ваквиот тип живот, велат експертите за весникот. Семејно насилство, убиства и самоубиства се последици од пострауматското растројство или ПВС, што резултира со нагло зголемување на самоубиствата на бранителите од 2001 година како последица на каење за своите постапки од кои најчесто страда се семејството, наведуваат психијатрите„Утрински весник“
под наслов „Само еден сведок против Љубе Бошкоски“, на насловната страница наведува дека целото обвинение против поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на опозициската Обединети за Македонија, кој беше уапсен само еден ден по изборите од 5-ти јуни, е собрано на десетина редови. Тоа, како што пишува весникот, бил сублиматот од тримесечната истрага, во која се наведува дека постои само еден сведок. Весникот, повикувајќи се на еден од бранителите на Бошкоски, заклучува дека обвинителниот акт со кој некогашниот претседателски кандидат е обвинет за нелегално финансирање на изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, е речиси идентично со барањето за поведување истрагата против Бошкоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

