Свет
Се очекува раст на странските инвестиции во 2011 година
Директните странски инвестиции се очекува постепено да се опорават во 2010, по што комплетно ќе се обноват во 2011 година
Директните странски инвестиции се очекува постепено да се опорават во 2010, по што комплетно ќе се обноват во 2011 година.
Ова се резултатите од анкетата на Конференцијата на Обединети нации (ОН) за трговија и развој за очекувањата од светски инвестиции.
Како што пренесе Гласот на Америка, во анкетата биле опфатени преку 240 транснационални корпорации.
Резултатите покажуваат драстично намалување на директните странски инвестиции за 54 проценти за првиот квартал од 2009 година.
Анкетата открива дека можностите за директни странски инвестиции се поволни во областите како земјоделството и услужните дејности, додека ситуацијата е помалку оптимистична за производствениот сектор.
Во извештајот на ОН се додава дека развиените земји од северна Америка и ЕУ се всушност деловите најмногу погодени од кризата, додека Суб-сахарска Африка и северна Африка се помалку погодени.
Испитувањето покажува и дека земјите во развој во источна и југоисточна Азија се особено атрактивни дестинации за странски инвестиции. Во документот се наведуваат Кина, САД, Индија, Бразил и Русија како држави со најповолна клима за инвестирање. /крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.