Македонија
Кабинетот на Иванов ги потврди информациите на Макфакс
Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов го потврди информациите за кои пишуваше Макфакс, а кои се однесуваа на трошењето за ПР стратегија во времето кога функцијата претседател на државата ја вршеше Бранко Црвенковски.
Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов го потврди информациите за кои пишуваше Макфакс, а кои се однесуваа на трошењето за ПР стратегија во времето кога функцијата претседател на државата ја вршеше Бранко Црвенковски.
Повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и по досегашната проверка на документацијата која постои во архивата, Кабинетот на Иванов соопшти дека кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата, има склучено договори за соработка, обезбедување на развој и истражување со 3 лица од Република Словенија кои се предмет на актуелниот интерес во јавноста.
„Договорите во име на Кабинетот на претседателот на Република Македонија кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата, се потпишани од страна на тогашниот Генерален секретар на Кабинетот. Согласно постоечките договори за ангажманот на консултантите од Р. Словенија, од буџетот на Претседателот на Република Македонија се исплатени финансиски средства во висина од 20.764.057 денари , односно вкупна сума од 340.394 евра, пресметано согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
На првиот консултант од Република Словенија му се исплатени 8.305.626 денари, односно 136.157 (сто и триесет и шест илјади и сто педесет и седум) евра, на вториот консултант од Република Словенија му се исплатени 5.149.482 денари, односно 84.417 евра и на третиот консултант од Република Словенија му се исплатени 7.308.949 денари, односно 119.818 евра. ./крај/со/мд/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

