Свет
Израелската влада ќе има 30 министри
Премиерот Нетанјаху по долги преговори во вторник попладне пред Кнесетот ќе го претстави својот кабиент, пред кој се две тешки прашања, постигнување мир во Газа и надминвуање на последиците од светската економска криза
Ново стариот израелски премиер Бенјамин Биби Нетанјаху до последен момент ги водеше интензивните и напорни преговори за распределбата на новите ресори, а израелските медиуми се шегуваат на сметкаат што таа ќе брои дури 30 минситерства. Нетанјаху како лидер на партијата Ликуд која на изборите од 10-ти февруари доби еден мандат помалку од партијата Кадима на поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни, беше принуден некои од клучните министерства да ги отстапи на коалиционите партнери. Така, најголемиот партнер ултра-националиситчката Исраел Беитеину, издејствува нејзиниот претсеател Авигдор Лиеберман да биде предложен за минситер за надворешни работи. Се претпоставува дека ова иемнување ќе предизвика и најголеми противења, бидејќи Лиеберман го следи репутацијата на политичар кој е подготвен да ги протера Арапите од Израел. Лидерот на националистичката партија која благодарејќи на неговито личен рејтинг стана и трета политичка сила во Израел, е препознатлив како човек кој не зборува со дипломатски јазик кои го нарекуваат „Цар“, „фашист“ или „израелски Распутин“, е роден во Молдавија пред педесет години. Тој често изјавуваше дека се залага за раздвојување меѓу Евреите и Арапите и дека сака да ја направи израелската држава етнички чиста. Лидерот на Лабуристичката партија, пак, Ехуд Барак ќе биде новито минситер за одбрана, додека другите ресори ќе ги пополнуваат членови на Ликуд и на другите партии од владинаат коалиција. Аналитичарите велат дека уште од првиот ден новата израелска влада ќе се соочи си две многу тешки пррашања, светската стопанска криза и воено-дипломатските прашањ, кои ги подразбираат мировните преговори со ПАлсестинците но и со другите арапски соседи. Со не помало значење, израелските медиуми ги истакнуваат и прашањата на односите со Иран и позиционирањето на Израел во светски рамки. Тие сметаат дека на премиерот Нетанјаху кому ова му е втор премиерски мандат, добил ретка мнова ожност за политички успех. Нетанјаху во Израел и во светот го сметаат и „јастреб“ и прагматичар истовремно кој знае да ја шармира јавнсота и има големи политички капацитети. Тој во текот на неговиот прв премеирски мандат од 1006-1999 г. Беше најмладиот премиер во историјата и првиот роден по создавањето ан современата еврјска држава од 1948 г., кој малдоста ја минал во САД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

