Македонија
Внимателно на патот Велес – Градско поради одрони
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Особено е потребно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На регионалниот пат Велес – Градско во близина на манастирскиот комплекс Св. Димитрија, на десната коловозна лента има одрони во должина од десет метри.
Од средата (12-ти јуни), по извршена контрола пуштен е за сообраќај мостот на регионалниот пат Р1-103 Неготино – село Лакавица (Пепелишки мост) за сите возила со ограничување на брзината од 30 км/час. Сообраќајот се одвива по левата коловозна лента поради санација на столбно место бр.3.
На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правца.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.
На регионалниот пат Кочани – Штип, поточно на делницата од селото Чардаклија до ткн Штипска петља се изведуваат градежни работи, но нема застој на сообраќајот.
Поради градежни работи на автопатот А-1 Гевгелија – Граничен премин „Богородица“ кај селото Милци, има стеснување на брзите коловозни ленти и е изменет режимот на сообраќај.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Од 1-ви јуни започна сезонскиот режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01-ви септември. Овој режим на сообраќај не се однесува на тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

