Свет
Гадафи имал куршум во главата и стомакот
Во телот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, кој беше убиен во близина на неговиот роден град Сирт, биле пронајдени по еден куршум во неговата глава и во стомакот, изјави во неделата медицински извор од Мисрата, каде е зивршена обдукцијата на неговото тело.
Во телот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, кој беше убиен во близина на неговиот роден град Сирт, биле пронајдени по еден куршум во неговата глава и во стомакот, изјави во неделата медицински извор од Мисрата, каде е зивршена обдукцијата на неговото тело. Претходно во неделата повикувајќи се на лекар кој учествувал во обдукцијата на телото, беше објавено дека Гадафи починал од рани здобиени од огнострелно оружје. „Станува збор за повеќекратни рани. Еден куршум е во абдоменот, а другиот во мозокот“, изјавил медицинскиот извор на Reuters.Обдукцијата беше извршена во мртовечницата во Мисрата, двестотини километри источно од Триполи. Претходно лекарот што учествувал во обдукцијата потврди дека Гадафи умрел од раните нанесени со куршум. „Умрел од рани од куршуми. Тоа е очигледно. Сé уште има отворени прашања. Извештајот мора прво да го предадеме на главниот обвинител. Но сето тоа ќе биде објавено. Ништо нема да биде сокриено“, изјавил лекарот неприцизирајќи која од двете рани била причината за смрттаТелото на Гадафи чиј режим по 42 години беше урнат со граѓанска војна, изминатите денови беше изложено во ладилникот на една месарница во трговскиот центар во Мисрата, каде многу Либијци се осведочија дека човекот кого го доживуваа како диктатор и против кого востанаа – навистина е мртов.Првиoт човек на Националниот преоден совет (NTC), Ахмед Џибрил, соопшти дека новите либиски власти телото на Гадафи ќе го предадат на неговите роднини кои заедно со неговите соплеменици бараа да им биде предадено за да го погребаат според исламските и обичаите на племето на кое му припаѓаше поранешниот либиски водач. „Одлучено е телото да се предаде на пошироката фамилија, бидејќи не е достапен никој од потесното семејство. Советот се консултира со фамилијата. Неговото семејство ќе одлучи каде ќе биде погребан, во договор со Националниот преоден совет“, изјави Џибрил несоопштувајќи кога ќе биде предадено телот на Гадафи. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

