Македонија
Нормализирана состојбата на граничниот премин „Богородица“

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ се одвива непречено и за влез и за излез од Македонија, информираат од АМСМ.
На граничниот премин поради штрајк на сопствениците на бензински пумпи во Грција за влез и излез од земјата на преминот се чекаше неколку часа, а протокот на возила се одвиваше со прекини и возилата се пропуштаат повремено. /крај/амсм/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.