Македонија
Сезонава од грип заболени 3.752 лица

Во текот на осмата недела од 2012 година во земјата се регистрирани 599 ново заболени лицa од грип, што претставува пораст на заболувањата за 23% во однос на 540-те заболени во претходната недела.
Во текот на осмата недела од 2012 година во земјата се регистрирани 599 ново заболени лицa од грип, што претставува пораст на заболувањата за 23% во однос на 540-те заболени во претходната недела.Како што информираат од Министерството за здравство, повеќе од половината од нив се на возраст од 15-64 години.Заклучно со 8-та недела, вкупниот број на заболени од оваа болест во Македонија во сезоната 2011/2012, изнесува 3.752 лица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот, вели Филипче

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вчера вечер Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.
„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, рече Филипче.
Притоа тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички.
„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а Македонија а на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот“, заклучи Филипче.