Вести
САД одбиле разговори со Русија за Сирија

САД информираа дека не можат да прими висока руска делегација за разговори за ситуацијата во Сирија, ниту да допатуваат во Москва, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата говорејќи одговарајќи на пратенички прашања во руската Дума.
„Им предложивме на Американците да испратат во Москва воени експерти за да се договора низа заеднички чекори, по што ние бевме подготвени да испратиме во Вашингтон висока делегација предводена од премиерот Дмитриј Медведев придружувани од воени лица, претставници на разузнавачките служби и на министерството за надворешни работи. Ова го предложивме уште во Њујорк“ кон крајот на септември на Генералното собрание на ОН, рече Лавров.
Според шефот на руската дипломатија, американската страна изразила подготвеност „за координирање на мерките за спречување ненамерни инциденти во воздушниот простор над регионот зафатен од криза“.
„И таквите мерки се усогласени. Но денеска официјално ни одговорија дека нема да испратат делегација во Москва, и оти не е возможно наша да замине за Вашингтон, и оти единственото за што се заинтересирани нашите американски колеги е да се договорат мерките со кои ќе се избегнат инцидентите“, изјави Лавров.
„Тоа навредливо и срамно. Но важно е дека нашите војници кои дејствуваат на небото над Сирија, како и американските пилоти, разбраа кој и што работи, за да не дојде до некои несреќни инциденти. Нашиот претседател тоа активно го поддржа. Но ние сме подготвени да одиме чекор натаму, меѓу другото, и за постигнување на целта за којашто како што беше објавено е создадена коалицијата (предводена од САД) пред повеќе од една година, односно уништувањето на Исламската држава“, порача Лавров.
„Одбивањето на ваквата соработка, секако, отвора прашања“, заклучи рускиот министер за надворешни работи./крај/мф/сн
Извор: TACC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.