Свет
Грипот А(H1N1) ќе предизвика нов застој во светската економија!?

Опасност од нов застој во светската економија заради ширење на гипот А (H1N1) според мислењето на меѓународните економисти е многу реална, а неповолните движења би можеле најпрво да се почуствуваат преку падот на побарувачката во поголем број гранки, а посебно во авиосообраќајот и хотелиерството
Досегашните трошоци предизвикани со ширењето на новиот грип, меѓутоа, на глобално ниво се минимални и не надминуваат 0,002 отсто од вредноста на вкупно светскиот домашен производ (БДП).Нови и поголеми одвојувања за лечење на болеста сепак се неопходни заради оддржување на најголемо можно ниво на работна активност и заштита на здравјето на вработените, предупредуваат експеритите чие мислење го пренесуваат француските гласила.Американските власти предвидуваат например, 12 недели траење на пандемијата на новиот грип и раст на отсуствата на вработените од работа во тој период на 49 отсто што би влијаело на намалување на БДП земјите за 0,9 проценти.Експертите на британскиот истражувачки кабинет „Окфсорф икономикс“ предвидуваат уште полошо сценарио, прогнозираат бран епидемии на грипот H1N1 во траење од околу шест месеци, кои како што се истакнува ќе се нанесе штета на светската економија од 2,500 милијарди долари. Тоа би предизвикало пад на глобалниот БДП за 3,5 отсто.Доколку се оствари тоа неповолно сценарио САД и тогаш би можел да очекува пад на БДП дури до пет проценти.Во студиите на „Оксфорд икономикс“ наведено е дека пандемијата на грипот H1N1 би можел да го забави повторно растот на светската економија во периодот од 12 до 24 месеци.Шпанската Управа за контрола на лекови истовремно објави дека одобрила клинички испитувања на вакцините против грипот H1N1 на британско-фармацевтсикот гигант „ГлаксоСмитКлајн“ кој ќе се изврши во Шпанија, каде бројот на смртни случаи предизвикани од тој грип се зголеми на 25. Конечните резултати на тие испитувања ќе биде познат дури за шест месеци, што не значи дека порано користените вакцини нема да бидат можни, соопшти шпанската министерка за здравје Тринидад Хименес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.