Македонија
Романија ја поддржа Грција во спорот за името

Романија ја подржува Грција во спорот околу името со Македонија, изјави денеска во Атина романскиот претседател Трајан Басеску, јави руската агенција
Романија ја подржува Грција во спорот околу името со Македонија, изјави денеска во Атина романскиот претседател Трајан Басеску, јави руската агенција РИА Новости.
„Романија во врска со прашањето за името целосно поддржува грчката позиција. Принципот на добрососедство е обврска на сите држави без оглед на тоа дали се членки на Европската унија (ЕУ) или не“, изјави попладнево Басеску по разговорите во Атина со грчкиот претседател Каролос Папуљас, пренесува Макфакс.
Оваа изјава на романскиот претседател зачудува со оглед на фактот дека официјален Букурешт ја признава Македонија под нејзиното уставно име, ја поддржува евроатланската интеграција на Македонија, а двете православни цркви имаат блиски односи.
Во веста на руската агенција РИА Новости се укажува дека повеќе држави во светот, вклучувајќи ја и Русија, ја признаваат Македонија под уставното име.
Грција поради неразрешениот спор го блокираше влезот на Македонија во НАТО и се заканува дека истото вето ќе го примени и за интеграцијата на Македонија во ЕУ, наведува РИА Новости./крај/мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.