Македонија
Во Македонија нема смртни случаи од астма
Во Македонија нема смртни случаи од астма, благодарение на антиастматичната кампања која ја води државата за контрола на астмата“ – истакна Ангелко Ѓорчев национален координатор за астма во Македонија, по повод светскиот ден на астмата, 3 Мај.
Во Македонија нема смртни случаи од астма, благодарение на антиастматичната кампања која ја води државата за контрола на астмата“ – истакна Ангелко Ѓорчев национален координатор за астма во Македонија, по повод светскиот ден на астмата, 3 Мај.Оваа година одбележувањето на денот на астмата се фокусира на поимот контрола на астмата под мотото „Можете да ја контролирате Вашата астма“.„21 век е век на алергиските болести и век на астмата. Имаме епидемија на алергиските болести и на астмата. Денеска во светот сме присутни на еден феномен со кој што сите општества, а особено здравствениот персонал ќе бидат преокупирани во еден голем процент со оваа енигматска, мистериозна и митска болест за која што велат дека е една од најтешките болести во целата медицина“ – рече ЃорчевВо Македонија има околу 100 илјади болни од астма, а секоја година има по околу 100 нови заболени лица. Според Глобалната Иницијатива за Астма (ГИНА) контролата врз болеста е постигната само ако болниот нема симптоми на астма, не постојат ноќни будења поради болеста, поретко употребување на лекови за “олеснување“ на тегобите, има нормална или скоро нормална белодробна функција, нема напади и не постојат ограничувања во секојдневните активности. Според Ѓорчев астмата може да се контрола и болните се поретко се хоспитализираат. Во дури 51 процент од болните можат да бидат контролирани благодарение на седумте превентивни инхалатори кои можат да се најдат на позитивната листа.Астмата како светски проблем не покажува само тенденција на пораст во Македонија, туку тоа е светски тренд. Во Нов Зеланд 33 проценти од населението боледува од астма, Во САД има 19 милиони болни од астма. Јапонија има најмала тенденција на пораст.300 милиони астматичари живеат во моментов во светот. До 2020 година се очекуваат уште 100 милиони нови астматичари и тоа во најголем број има во земјите со висок развој, а најголем фактор е животната средина.„Појавата и зголемувањето на бројот на случаи од астма е веројатно резултат на таа интеракција на се поагресивната надворешна околина и се пожестоката реакција на организмот на оваа агресија од околината“ – вели Ангелко Ѓорчев На минатогодишното одбележување на Светскиот ден на астмата, ГИНА лансираше глобална кампања, со цел да ги поттикне властите и здравствените институции да се ангажираат за подобрување на контролата на астмата, со цел да се намали хоспитализацијата на болните за 50 отсто до 2015 година. Оваа кампања резултираше позитивно а доказ за тоа е намалениот број на лица болни од мистичната болест.Од 1996 година, на Клиниката за пулмологија и алергологија функционира еден од првите Центри за астма во Европа, а воспоставена е мрежа од 13 регионални центри за астма во поголемите градови низ земјава. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре
Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија.
„По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата. Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон. Copy-paste сценарио по рецепт на СНС“, велат од СДСМ.
Според партијата, целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.
„Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други. Затоа: Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството. Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО. Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата. И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери. Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти. СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, се наведува во соопштението.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.

