Македонија
Иванов во посета на локалитетот Горна Порта
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети археолошкото наоѓалиште Горна Порта во Охрид
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети археолошкото наоѓалиште Горна Порта во Охрид.
Посетата на претседателот доаѓа по веста дека на локалитетот е откриен златен накит од страна на екипата предводена од археологот Паско Кузман, директор на националната Управа за заштита на културното наследство./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)
Македонија
За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани
Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.
На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив најмногу македонски државјани, информираа денеска од МВР.
– На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.
Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава велат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез.