Регион
Грчкиот парламент му изгласа доверба на Ципрас
Како што се очекуваше, грчкиот парламент ноќта кон средата му изгласа доверба на новиот премиер Алексис Цирпас, чијашто коалиција на радикалната левица Сириза победи на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари.
За доверба на Алексис Ципрас се изјасниле 162 од 299-те пратеници на седницата, објави претседателката Зоја Константинопулу. Премиерот ја доби довербата од 149-те пратеници на Сириза и 13-те гласови на крајно десната националистичка партија Независни Грци. Другите пратеници гласаа против, а еден бил отстутен.
Ципрас, кој уште во неделата одржа решителен говор, силно го заостри тонот кон Германија во настапот во вторникот доцна вечерта пред гласањето, најавувајќи дека Грција нема да бара продолжување на програмата за помош од меѓународните доверители и покрај сугестиите од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Грците веќе не поднесуваат, рече Ципрас, што веќе пет години мораат да им се повинуваат на строгите барања на странските доверители во замената за големиот заем од 240 милијарди евра и отписот на 110 милијарди евра од долгот кон приватните кредитори, со кои нивната земја беше спасена од банкрот и излегување од еврозоната. Во моментов грчкиот надворешен долг изнесува 320 милијарди евра, односно 175 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Гласањето за доверба на грчката влада се одржа за да се зацврстат позициите на Ципрас пред важната вонредна седница на министрите за финансии на еврозоната во среда, која ќе биде исклучиво посветено на грчките финансиски проблеми.
Ципрас најави дека Грција најави дека има намера да се откаже од строгите од мерките за штедење кои се услов за меѓународната финансиска помош, на што се спротситавуваат европските партнери, предводени од влијателната Германија.
Високи изводи од грчкото министерство за финансии изјавија дека владата на Ципрас има намера на состанокот на еврогрупата да предложи преодна програма со којашто би ги покрила своите финансиски потреби додека со доверителите не договори замена на сегашната програма за помош условена со штедењето, а тој нов договор би требало да стапи на сила на 1-ви септември наместо на предвидениот датум 1-ви јуни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

