Македонија
Прилепската болница доби нови апарати за лекување
Ортопедското одделение во прилепската градска болница „Борка Талески“ доби два нови апарати за лекување. Станува збор за ДЕКСА-апарат за дијагностицирање и лекување на остеопороза и апарат за помош при отстранување болки во зглобовите.
Новите методи во вторник ги промовираше директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Маја Пернарџиева Змејкова која истакна дека од јануари болницата добила дополнителни 30 милиони денари.
„Фондот ги поттикнува здравствените установи да го прошируваат обемот на здравствените услуги. Токму во таа насока е и воведувањето на двете нови методи за лекување на пациентите и услугите не мора да ги бараат во странство, ниту да доаѓаат на преглед на клиниките во Скопје”, изјави Пернарџиева Змејкова.
На новинарско прашање што се случува во сметката на болницата која е блокирана, таа вели дека болницата редовно функционира.
„Неплатените договори се со години и треба постепено болницата да ги решава обврските, но со сигурност констатирам дека ниту доцнат платите на вработените, тоа воопшто не е загрозено, ниту има застој во давањето здравствени услуги”, рече директорката на ФЗОМ.
Директорот на болницата Илија Богатиновски рече дека од први мај ќе може да се закажува термин за новите апарати, а методот за болки во коленото се применува првпат во внатрешноста на земјата.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

