Македонија
Слаб одзив за регистрирање за сини картони
Од вкупниот број на невработени, само осум отсто од нив извршиле пререгистрација со која ќе се утврди дали ќе добиваат бесплатни сини картони или од септември ќе плаќаат за нив, информираат денеска од Фондот за здравство.
Од вкупниот број на невработени, само осум отсто од нив извршиле пререгистрација со која ќе се утврди дали ќе добиваат бесплатни сини картони или од септември ќе плаќаат за нив, информираат денеска од Фондот за здравство.
Дека одзивот е многу слаб покажуваат и бројките според кои од вкупно 247.774 само 20.073 носители на здравствено осигурување се пререгистрирале.
Најслаб одзив има во Тетово, каде само 2,2 отсто од невработените поднеле изјава за пререгистрирање, Кавадарци, Струга , Прилеп, Кичево, Берово, Делчево, Крива Паланка, и Охрид.
Со цел, невработените лица кои имаат право на сини картони на товар на државата, да не останат без истите од септември, од Фондот апелираат граѓаните да го искористат месецов и да се пререгистрираат.
Со измените на Законот за социјални придонеси и Законот за здравствено осигурување од 1.јули сите невработени треба да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување, а во поголемите градови и на шалтерите на ФЗОМ во просториите на агенцијата за вработување .
Бесплатни сини картони ќе можат да добијат само лицата од првата категорија, односно невработени чии семејства претходната година живееле со приход кој не е поголем од 132.000 денари или 11.000 денари месечно.
Невработените што од УЈП ќе покажат потврда дека месечно имаат приходи меѓу 11.000 и 15.000 денари, влегуваат во втората категорија, и тие ќе треба да платат 50% од придонесот за здравствено осигурување, што државата го пресметува на просечна плата, ако сакаат да се осигурани.
Останатите, за кои УЈП ќе констатира дека живеат со над 15.000 денари месечно или имаат годишен приход над 182.000 денари, ќе го изгубат правото на бесплатно лекување и ќе треба сами, во целост, да си го плаќаат здравственото осигурување.
Сите потребни документи за пререгистрација се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на фондот www.fzo.org.mk,преку својата инфо линија 080033222 и инфо мејлот [email protected] стои на располагање за било какви прашања./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

