Вести
Најмалку 73 мртви во лизгање на земјиште во Гватемала, 350 исчезнати
Во лизгањето на земјиште во Гватемала загинале најмалку 73 луѓе, со кал се затрупани 125 живеалишта, додека 350 лица сé уште се водат за исчезнати, објавија локалните власти.
Според Хулио Санчез, портпарол на спасувачките служби, 2.500 луѓе биле евакуирани, но педесетина семејства кои живеат во брдата над местото на катастрофата одбиваат да заминат и покрај опасноста, пренесува AFP.
Според него бројот на загинатите, најверојатно, ќе се зголеми, бидејќи спасувачките екипи продолжуваат да ги расчистуваат дебелите наслаги од кал и земја од невремето кое ноќта кон петокот го погоди населбата Камбрај во Санта Катарина Пинула, во близина на главниот град Гватемала Сити.
Истакнувајќи го шокот во кој се наоѓаат спасувачи, Санчез, изјави дека до претходната бројка на жртвите од 69 загинати дошле со броење на делови од тела, како глави и торза.
Координаторот на службите за природни катастрофи Серхио Канабас изјави дека спасувачите „сé уште имаат надежи за пронаоѓање преживеани, доколку продолжиме да бараме и копаме“, пренесува Associated Press. Тој истакна дека претходно бројот на исчезнатите изнесуваше 600 луѓе.
Според Кабанас, неколку луѓе примиле пораки на нивните мобилни телефони од блиските кои останале заробени под урнатините. Призна дека властите не ги виделе пријавените СМС пораки, но ги повикале локалните телефонски компании да ги пронајдат локациите од кои биле испратен тие пораки.
Сепак, надежите бледнеат меѓу спасувачите. „Имајќи го предвид времето што измина, навистина има малку надежи… Само чудо може да ги спаси“, рекол еден 200 спасувачи, војници и полицајци кои трагаат по преживеаните.
Тие добија поддршка и од 60 спасувачи од Мексико со десет кучиња обучени за пронаоѓање преживеани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.