Свет
Убиени тројца и 11 ранети во геј клуб во Тел Авив
Доцна навечер во саботата, израелската полиција соопшти дека вооружен маж влетал во геј клуб за тинејџери во центарот на главниот град и со рафални истрели од автоматска пушка убил тројца а ранил 11-мина од гостите
Полицискиот портпарол, Мики Розенфелд изјавил дека најверојатно станувa збора за криминален чин а не за терористички напад. Инаку, центарот на Тел Авив честопати е цел на палестинските милитанти.Розефелд додал дека гангстерот отворил оган врз грипа кој ги поддржувача геј и лезбејските асоцијации. „Тоа беше злосторство од одмазда, смислен напад“, рекол сведок за телавивската телевизија Channel 10. Cafe Noir, локалот во кој бил извршен нападот бил многу популарен кај младите. Правникот на новоотворениот геј-кнесет, Ницан Хоровиц, изјавил дека ова е најбруталниот напад врз израелската геј заедница, и дека сите нејзини припадници се во шок заради младоста на жртвите.Очевидци изхјавиле дека напаѓачот бил облечен целиот во црно а инцидентот го опишале како кланица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански и европски дипломати разговараат за нуклеарната програма на Техеран
Европски и ирански дипломати се сретнаа денеска во Женева за да ја разгледаат можноста за одржување сериозни разговори за спорната нуклеарна програма на Техеран пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.
Состанокот во Женева, прв по изборите во САД, дојде откако Техеран негодува за резолуцијата поддржана од Европа, донесена минатата недела, во која се критикува соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), објави „Ројтерс“.
Трамп, кој за време на претходниот мандат го напушти нуклеарниот договор со Иран по курс на максимален притисок за слабеење на иранската економија, во својата нова администрација вклучи функционери познати по својот строг однос кон Иран, наведува британската агенција.
Регион
Ученик се обидел со запалка да му ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад
Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка му ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција
За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.
Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.
Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство, во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, а другите деца собрани наоколу гледале.
На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.
Свет
Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк
Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците на руската армија постигнале значителен напредок во Донецката Народна Република (ДНР).
Офанзивните операции резултираа со заземање на стратешките населби Воровскоје и Раздољноје, што претставува важен чекор кон понатамошен напредок на клучните рути.
Единиците на армиската група „Центар“ ја окупираа населбата Воровское, позната и како Јурјевка, како дел од пошироката офанзива кон Покровск.
Оваа акција дополнително ги зајакнува позициите на руската армија на северните делови на фронтот и отвора можности за натамошно стратешко напредување.
На правецот Јужен Донецк борците на групата „Исток“ го зазедоа населеното место Раздољноје.
Оваа операција ја зајакнува контролата на руската армија во јужниот сектор на ДНР и придонесува за консолидација на територијата во овој регион.
Успехот на руските сили во заземањето на Воровское и Раздољноје го потврдува продолжувањето на офанзивните операции во Донецката Народна Република.