Свет
Бивш владин функционер вмешан во осигурителна измама
Рубин Двојаков (41), поранешен директор на Агенцијата за државни службеници и адвокат, бил осомничен дека купил „ауди“ од шверцер на автомобили, а потоа за да извлече пари од осигурителна компанија пријавил во полиција дека некој му го украл возилото.
Александар Божиновски
Рубин Двојаков (41), поранешен директор на Агенцијата за државни службеници и адвокат, бил осомничен дека купил „ауди“ од шверцер на автомобили, а потоа за да извлече пари од осигурителна компанија пријавил во полиција дека некој му го украл возилото.
МВР вчера поднело кривична пријава против Двојаков за лажно пријавување кривично дело и за осигурителни измами. Уапсен бил и Фелек Асани (35), шверцер на автомобили од Сарај, Скопско, кој му го продал автомобилот на Двојаков. Поранешниот директор на Агенцијата за државни службеници не бил достапен за полицијата, а на Асани истражен судија во Основниот суд Скопје 1 му одредил
петнаесетдневен притвор. Според судски извори, истражниот судија се уште не распишал потерница по Двојаков. Неговиот мобилен телефон вчера цел ден беше исклучен.
Во кривичната пријава на МВР се наведува дека Асани во текот на 2002 година, со цел да легализира автомобил марка „ауди А4,“ фалсификувал царинска декларација и изјава за сообразност на единечно прегледано возило на име на лице од селото Желино,Тетовско. Иако со лажни документи, тој успеал да го регистрира возилото. Двојаков во јуни 2003 година, иако знаел дека автомобилот е регистриран со фалсификувани документи, го купил од Асани и го пререгистрирал во Скопје. Потоа во октомври минатата година Двојаков направил каско-осигурување на автомобилот. Измамата претходно ја договорил со Асани, се наведува во соопштението на МВР.
Истиот месец Двојаков пријавил во полициската станица Центар во Скопје дека „аудито“ му е украдено. Веднаш потоа тој поднел пријава за побарување за исплата на осигурување од осигурителната компанија.
Полициската истрага утврдила дека тој, всушност, автомобилот му го дал на Асани, а овој пак го однел во Албанија и таму го продал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најострата реакција на ЕУ на нападот на Трамп досега: „Тој нè гледа како ривал“
Висок функционер за одбрана на Европската Унија денес издаде невообичаено остро предупредување, тврдејќи дека новата Национална безбедносна стратегија на САД покажува „јасен антагонизам кон Европската Унија“ и е геополитичка игра насочена кон спречување на Европа да стане обединета сила.
Во остро формулиран текст објавен само неколку дена откако Вашингтон ја претстави својата стратегија за 2025 година, комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус Кубилиус, тврди дека загриженоста на Вашингтон за наводното „цивилизациско бришење“ на Европа не се заснова на искрена загриженост за вредностите, туку на ладна американска геополитичка пресметка, пишува „Политико“.
„Единството на ЕУ е против интересите на САД“, напиша Кубилиус, сумирајќи ја логиката за која вели дека е основа на документот на администрацијата на Трамп.
Тој посочи на пасуси во стратегијата кои го повикуваат Вашингтон да „поттикне отпор“ во рамките на европските земји и да соработува со националистичките партии кои се противат на подлабоката интеграција.
Кубилиус го толкува таквиот јазик како доказ дека Соединетите Американски Држави се подготвени да „се борат против Европската Унија, против нашата сила преку единство“.
Ставот на Трамп за Европа беше дополнително нагласен во интервју за „Политико“ објавено вчера, каде што ги осуди европските лидери како „слаби“.
Кубилиус напиша дека Соединетите Американски Држави сега ја гледаат покохезивната Европска Унија како потенцијален предизвикувач на американското влијание.
„Антагонистичкиот јазик на Стратегијата за национална безбедност на САД за Европската Унија не произлегува од американските сентиментални емоции за „добрата стара Европа“, туку од длабоки стратешки размислувања“, напиша тој.
Комесарот го поврза светогледот на стратегијата со идеите на Елбриџ Колби – сега висок функционер во Пентагон – чија книга „Стратегијата на негирање“ тврди дека САД мора да спречат кој било регион да формира доминантна сила способна да го ограничи американскиот пристап до пазарите.
фото/депозитфотос
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за енергетско примирје.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува „Спутник“.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за подготвеноста да одржи претседателски избори е сосема нова, а рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостиг на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија едвај преживува поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, а кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – во целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултира со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, а дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос

