Македонија
Опаднат интересот за градење

Бројот на издадени одобренија за градење во март 2009 година изнесува 267 што е за 18,3 отсто помалку во однос на лани
Бројот на издадени одобренија за градење во март 2009 година изнесува 267 што е за 18,3 отсто помалку во однос на лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,43 милијарди денари (околу 39,5 милиони евра), што е за 8.1% помалку во однос на истиот период од претходната година.
Најголемиот број на издадени одобренија за градење, 229 или 85,8 отсто се наменети за објекти од високоградба, 9 или 3,4 отсто за објекти од нискоградба и 29 или 10,8 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 267 објекти, на 216 или 80,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 51 објекти или 19,1 отсто, инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 410 станови со вкупна корисна површина од 36 193 м2. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)