Свет
Израел пресретна уште еден брод со хуманитарна помош

Израелската морнарица пресретна уште еден брод кој планирал да пренесе хуманитарна помош и активисти во блокираниот појас Газа.
Израелската морнарица пресретна уште еден брод кој планирал да пренесе хуманитарна помош и активисти во блокираниот појас Газа.
Се работи за ирскиот брод „Рејчл Kори“, а Израел кој го блокираше со три воени бродови бара да исплови во пристаништето Ашдод, од каде хуманитарната помош би требало да се пренесе на појасот Газа.
Израел одлучи да го запре и овој брод иако е соочен со меѓународни протести, поради морнарската операција во понеделникот во која беа убиени девет турски активисти на бродот кој пловеше кон појасот Газа.
Според досегашните информации, во моментот на пресретнување на бродот немало насилство, а израелската војска соопшти дека немало упад на ирскиот товарен брод.
Бродот именуван по американската активистка која ја прегази израелски булдожер за време на протестите во Газа во 2003 година е запрен 65 километри од појасот Газа.
На бродот се наоѓаат 15 патници, државјани на Ирска и Малезија, меѓу кои и еден добитник на Нобеловата награда за мир и еден поранеше службеник на ОН.
САД вчера вечерта им порачаа на активистите да избегнуваат судири и да ја штитат сопствената безбедност.
Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Мајк Хамер нагласи дека ниту САД не се задоволни од блокадата. „Сегашната состојба е неодржлива и треба да ја менуваме“ рече тој.
Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман синоќа најави дека ќе биде запрен било кој брод кој ќе се обиде да го повреди израелскиот суверенитет и дека „Рејчел Кори“ нема да стигне до брегот.
Од 1.000 тони хуманитарна помош на бродот половина е граѓански материјал за кој Израел стравува дека би можел да се употреби во воени цели. /крај/хи/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена на 76 години за првпат стана мајка – чудо што го изненади целиот свет

Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана мајка за првпат на 76-годишна возраст. Таа роди здраво машко бебе. Нејзината приказна одекна низ целиот свет, а многумина ја опишуваат како вистинско чудо.
Ембајте Медин стана мајка преку ин витро фертилизација, која ја извршиле лекари во Индија пред една година. Таа се породи во болница во Мекеле.
„Воопшто не верував кога ми кажаа дека сум бремена “, изјави таа за телевизијата Dimtse Woyane, која објави и снимки од прославата и крштевката на бебето.
Семејството, како и пошироката јавност, реагирале на веста со неверица и емоции.
На социјалните мрежи има безброј коментари, а некои корисници го нарекоа настанот чудо, особено во земја која сè уште се бори со последиците од војната и политичката нестабилност.
Свет
Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по 500 години

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години.
Вулканот Крашенјиников на Камчатка синоќа исфрлаше пепел до шест километри.
Нема закани за населените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Според експертите, синоќешната ерупција би можела да биде поврзана со силниот земјотрес изминатата недела. Предупредуваат дека се можни силни последователни потреси во следните недели.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.
Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.