Црна хроника
Пијани гости тепале обезбедување во казино

Двајца пијани гости се заканувале на персоналот во казино во центарот на Скопје, по што физички нападнале припадници на обезбедувањето, а во едне момент замавнувале и со нож.
Инцидентот во полиција го пријавил Д.П.(29) кој бил на работно место како обезбедување на имот и лица во казино „Адмирал“лоцирано на ул.„Никола Вапцаров.
Според него околу во петокот околу 19.40 часот во казиното „Адмирал“ влегле две непознати машки лица, во видно алкохолизирана состојба, и откако почнале да играат на масата за рулет едното од нив побарало алкохолен пијалок, по што од страна на вработената не му бил даден пијалокот.
Истиот започнал да се расправа со персоналот и да се заканува и во еден момент со тупаница го удрил Д.П. во пределот на градите, по што во нападот се вклучило и другото лице кое го удрило со тупаница во пределот на тилот, извадило нож на расклопување и почнало да замавнува, по што и двете лица почнале да го бркаат и повторно физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на телото.
Во тој момент пристигнал неговиот колега Д.Б. кој исто така бил нападнат од двете лица и бил удиран го со тупаници во пределот на телото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.