Контакт

Македонија

Џафери 15 минути ќе молчи, 15 ќе зборува

Објавено пред

Откако мина еден час во молчење пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, најави дека во својата дискусија понатаму ќе комбинира, 15 минути ќе молчи, а 15 минути ќе зборува.

dobivaj vesti na viber

Со ова ќе го урнел рекордот на `зборување` со молчење на поранешниот претседател на Собранието, кој сега е веќе покоен, Љупчо Јордановски, кој 10 минути своевремено `зборувал` со молчење.

Според Џафери, тоа бил доста значаен говор, а го инспирирал со молчење да покаже колку е значаен предлог законот за посебните права на бранителите и колку штета ќе нанесе на меѓуетничките односи.

Потенцираше дека ги исполнил своите најави дека оваа расправа ќе биде многу долга, а според Џафери решението на ова прашање треба да ги опфати сите граѓани на Македонија.

Во својот говор Џафери почна да зборува за законодавството во Босна и Херцеговина по војната.

Според Деловникот за работа на Собранието, на пратениците им е дозволено да `зборуваат`молчејќи./крај/мф/фф

Македонија

Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

Објавено пред

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.

dobivaj vesti na viber

„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев“, напиша Јанкулоска на својот профил на „Фејсбук“.

Додава дека јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи.

„Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и исмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, пишува Јанкулоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата

Објавено пред

Советот на млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики.

dobivaj vesti na viber

Присутните го започнаа настанот со едноминутен молк како оддавање почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.

„На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна. Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата. Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество“, вели Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се бара Миле Тодоров од Неготино, семејството моли за помош во неговото пронаоѓање

Објавено пред

Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.

dobivaj vesti na viber

-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР

Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот.

Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија9 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија9 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија10 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ12 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија13 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион13 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија14 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија14 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион15 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа16 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет16 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет16 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет17 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија1 ден

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ1 ден

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија1 ден

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...