Македонија
Со исполнувањето на условите,Македонија има право да биде членка на НАТО

Македонија има право да биде членка на НАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Голема штета и скандал е тоа што земјата уште нема покана, изјави Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО во вчерашното интервју за емисијата на МТВ „Отворено со народот“
„Грција има свои причини зошто го блокира процесот, но таа се разбира, како членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамки на НАТО. Затоа сега верувам дека и Македонија и Грција ќе покажат флексибилност околу прашањето за името и Македонија ќе стане членка на НАТО“, рече Џорџ Робертсон.Тој потребата од флексибилност во преговорите ја образложи со предносите што земјата ќе ги добие ако го реши спорот и ако влезе во меѓународните институции.„Цената за членствто во НАТО е огромна за една земја како Македонија и затоа името, дали е тоа Нова Македонија, Горна Македонија, Северна Македонија и големите историски текови ми се чини не треба да бидат предмет што ќе ја спречи Македонија да биде членка на НАТО“, рече Робертсон.Тој очекува брз компромис за името и влез во Алијансата зашто, како што истакна, од тоа ќе имаат корист сите граѓани на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).