Свет
Исланд ќе бара прием во ЕУ
Исланд се подготвува да побара членство во Европската унија (ЕУ)
Исланд се подготвува да побара членство во Европската унија (ЕУ).
Премиерката Јохана Сигурдардотир синоќа најави дека нејзината влада на левиот центар ќе побара од парламентот зелено светло за поднесување апликација за прием во ЕУ.
Според агенциите речиси е сигурно дека парламентот ќе даде поддршка за зачленување на Исланд во ЕУ, бидејќи и дел од опозицијата е за прием на земјата во унијата.
Последните испитувања на јавното мислење покажаа дека 39 насто од граѓаните на Исланд се за членство во ЕУ, а исто толку се против. Околу петина од населението е се уште неопределена.
Премиерката смета дека членството во унијата и воведувањето на еврото е најдобро решение за малата островска држава, која минатата есен беше силно погодена од светската економска криза што доведе и до оставка на владата.
Еврокомесарот за проширување Оли Рен во повеќе наврати нагласи дека Исланд би можел преговорите за членство да ги заврши многу брзо, доколку Рејкјавик се реши да поднесе барање за членство.
Единствен проблем би можело да биде преголемата зависност од одлуките на Брисел за рибарството, кое е една од главните економски гранки на Исланд./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во напад со нож и димна бомба во Тајпеј
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени кога маж вооружен со нож и димна бомба денеска нападна граѓани во Тајпеј, соопштија градските власти.
Осомничениот подоцна загинал по пад од зграда на трговски центар, пренесе Асошиејтед прес (АП).
Полицијата соопшти дека осомничениот бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зградата, објави Централната новинска агенција на Тајван.
Осомничениот, идентификуван како 27-годишниот Чанг Вен, фрлил димна бомба во близина на подземен излез од метро-станицата Тајпеј Мејн, во близина на главната железничка станица, што предизвикало паника и бегство на пешаците, објавија локалните медиуми.
Потоа се упатил кон север, во популарна шопинг-зона, каде со нож нападнал повеќе лица на првиот и четвртиот кат од стоковната куќа „Еслит“, при што најчесто им нанесувал убодни рани во пределот на вратот, наведува агенцијата, повикувајќи се на полицијата.
Локалните болници потврдија три смртни случаи, додека градските власти соопштија дека уште девет лица се хоспитализирани, од кои едно е во тешка состојба.
Чанг во ноември 2024 година не се одѕвал на обуката на резервниот состав на војската и бил баран поради кршење на законот за задолжителна воена служба, пренесе агенцијата.
Како што се наведува, тој не пријавил промена на местото на живеење, поради што повикот за резервна воена обука не му бил доставен, објави агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на окружното обвинителство.
pexels
Свет
(Видео) Експерт за говор на телото: Меланија Трамп е видливо фрустрирана
По објавувањето на трејлерот за документарецот „Меланија“, експерт за говор на телото оценува дека Меланија Трамп е фрустрирана од улогата во сенка додека нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, ја привлекува целата медиумска внимателност, пишува „Унилад“.
Документарецот на „Амазон“ ја следи Меланија во деновите пред инаугурацијата на Трамп во јануари 2025 година и прикажува како ги координира подготовките и се справува со транзицијата во Белата куќа. Филмот, кој во кината доаѓа на 30 јануари, ѝ донел околу 40 милиони долари заработка.
Експертот Дарен Стентон вели дека во трејлерот Меланија делува самоуверено и моќно, со јасен говор на телото, стабилен поглед и контролирани движења, но забележува и моменти на фрустрација, особено во сцена во која разговара телефонски со сопругот.
Според него, документарецот претставува стратешки чекор за градење сопствен идентитет и подготовка за живот по Белата куќа, надвор од политичката кариера на Доналд Трамп.
Depositphotos
Свет
Силен земјотрес го погоди Иран
Иран денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 47 километри и на оддалеченост од 51 километар од градот Гераш.
Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета, пренесе Танјуг

