Свет
Анализа на СТРАТФОР: Авганистан: значењето на минералното богатство
Потенцијалите за вадење на рудни богатства во Авганистан привлекоа огромно медиумско внимание последниве денови, откако се појавија информациите дека во земјата „лежат“ преку еден трилион долари во рудни богатства и изјавата од 12 јуни на шефот
Потенцијалите за вадење на рудни богатства во Авганистан привлекоа огромно медиумско внимание последниве денови, откако се појавија информациите дека во земјата „лежат“ преку еден трилион долари во рудни богатства и изјавата од 12 јуни на шефот на централната команда на армијата на САД, генерал Дејвид Петраус, во која тој го карактеризира Авганистан како земја со „зашеметувачки“ економски потенцијал.
Сепак, најголемиот дел од тоа што се зборува сега потекнува од две студии кои, пак, датираат од 2006/7 година: едната е на американската компанија „Џиолоџикал сурови“, во соработка со Агенцијата за меѓународен развој од САД и со авганистански геолози. Резултатите од овие студии беа објавени во 2007 година од страна на американската влада. ИСто така, се’ повеќе се зборува и за наслаги од литиум, што беше и конкретниот повод за медиумското внимание. И други изјави во врска со потенцијалното минерално богатство на Авганистан беа дадени во изминатиов период, при што претседателот Хамид Карзаи бројката од еден трилион долари ја спомена уште во февруари, а генерал петраус во декември минатата година.
Кинеската корпорација „Чајна Металурџикал Груп“ веќе уплати однапред три милијарди долари и уште 400 милиони долари отпосле за да ги добие правата за наоѓалиштето на бакар во провинцијата Логар. Верификационите бушења се заведени уште минатата година, а веќе поставен и импровизиран камп, иако допрва треба да се изградат уште огромна железничка линија, електрична централа и топилница. Во провинцијата Бамјан, на околу 100 километри од престолнината Кабул се испитува наоѓалиштето на железна руда Хаџигак, но Кинезите се повлекоа од наддавањето кое подоцна беше поништено поради корпупцискиот скандал кој вклучува една кинеска компанија и авганистанското Министерство за рударство во текот на наддавањето за Ајнак.
Кинеско- авганистанските рударски проекти е веќе разводнето поради проблемите со лошата инфраструктура, смешната логистика, безбедносните закани и корумпираните преговори обвиени со тајност. Потенцијалното присуство на големи наслаги на руда во Авганистан никогаш не ставено под сомнеж: планинските терени на земјата посочуваат на таквата можност.
Предизвикот е во тоа таа руда да се извади и да се достави до пазарот на економичен и конкурентен начин, а овој предизвик и натаму останува имитирачки невозможен. Авганистан е неразвиена земја со многу лоша инфраструктура и никаква железничка конекција со надворешниот свет (иако една линија се гради на северот на земјата). Иако природата на рудните наслаги и економијата на нивната експлоатација може значително да варира, дури и внатре во една иста земја, вадењето на рудата од земјата и транспортирањето на огромни далечини е логистички интензивен потфат, дури и кога железницата и патиштата се релативно развиени.
Технички, да се развие задоволителна инфраструктура во Авганистан е можно, но цената на тој потфат за сигурно ќе ја подигне цената на инвестицијата, на транспортот и на вадењето на рудата далеку над она што во моментов може да се добие за таа руда на глобалните пазари.
СТРАТФОР е фокус иран на тоа како овие извештаи се појавија во јавноста токму минатата недела. очигледно е дека сега во тек е медиумски притисок и важно е да се разбере зошто. Сето ова во текот на наредните неколку години ќе има многу мал ефект врз состојбата на теренот во Авганистан во смисла на инвестиции и развој на рударскиот сектор во земјата. Клучното прашање во овој момент е како Вашингтон ќе ја насочи приказната за рудното богатство во корист на своите интереси во регионот, особено во моментот кога САД се бори да го прекине застојот во југоисточен Авганистан и да ги присили талибанците да седнат на преговарачката маса. Но. локалната недоверба во добрите намери на САД може да ја намали користа од поттикнувањето на приказната за економскиот потенцијал на Авганистан./крај/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

