Контакт

Свет

Поплавен градот Вроцлав во Полска

Објавено пред

Надојдените води на реките Одра и Слеза денеска ги пробија насипите и го поплавија полскиот град Вроцлав

dobivaj vesti na viber

Надојдените води на реките Одра и Слеза денеска ги пробија насипите и го поплавија полскиот град Вроцлав.

Локалните гласила јавија дека водата во делови на градот достигнува височина од два метра, а поплавени се голем број куќи и станбени блокови.

Реката Висла сега го загрозува градот Вроцлавек, на околу 150 километри од Варшава, а експертите стравуваат дека насипите нема да го издржат притисокот на водата.

Нивото на Висла во полската престолнина Варшава изминатата ноќ се намали за 20 сантиметри, но градот е во максимална подготвеност, бидејќи најголемиот удар се очекува во вторник.

Ноќеска во Варшава се поставени дополнителни 120 илјади вреќи, кои треба да ги зајакнат бариерите, а спасувачките екипи непрекинато дежураат.

Поплавите во Полска досега однесоа 12 животи, а над 23 илјади луѓе се евакуирани. /крај/хи/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Претседателството на Босна и Херцеговина добило извештај за поставена бомба

Објавено пред

Претседателството на Босна и Херцеговина денеска доби дојава за поставена бомба.

dobivaj vesti na viber

Во електронската пошта на Претседателството на БиХ пристигнала дојава за експлозивна направа, пишува Klix.ba.

„Во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина беа поставени експлозивни направи. Ова е поради вашиот лош однос кон Руската Федерација“, се вели во дојавата, пренесува порталот Сараево.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Израел ќе употребува сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе употребува сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

dobivaj vesti na viber

„На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови. Можам да ви ветам едно: нема да застанеме додека не се вратат дома“, рече Нетанјаху во видео пораката што ја објави неговиот кабинет, пренесе Франс прес.

Неименуван израелски функционер во меѓувреме изјави за Си-Ен-Ен дека Нетанјаху и дал дозвола на неговата влада да се приклучи на напорите на САД да посредува за прекин на огнот во Либан.

Нетанјаху даде одобрение под услов каков било договор да им дозволи на израелските цивили да се вратат во своите домови во северен Израел и подоцна додаде дека нема да мирува додека тоа не се случи.

Советникот на Белата куќа Амос Хохштајн е вклучен во преговорите за прекин на огнот, но Американците не разговараат директно со Хезболах.

Си-Ен-Ен денеска објави дека САД итно работат на план за намалување на тензиите меѓу Хезболах и Израел поради зголемената загриженост дека конфликтот може да ескалира.

Прикажи повеќе...

Свет

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени: „Експлодираше торба“

Објавено пред

Две лица се повредени во експлозија во судница во Санта Марија, Калифорнија, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара.

dobivaj vesti na viber

„Ве молиме избегнувајте ја областа. Местото на настанот не се смета за безбедно. Следуваат повеќе информации“, соопшти канцеларијата на шерифот во објавата на X.

Две лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, изјавија од канцеларијата на шерифот за локалните медиуми.

Осомничениот бил во судницата и фрлил торба во судницата која потоа експлодирала, објави Noozhawk, локален портал во округот Санта Барбара, цитирајќи го извршниот службеник на Врховниот суд, Дарел Паркер.

Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, соопшти дека тој и Канцеларијата за итни служби на државата активно ја следат ситуацијата и се координираат со органите за спроведување на законот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците, а задутре трговците на големо

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива,...

Македонија9 часа

Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорите на дело на Токсикологија

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, ОЈО Скопје почна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за...

Македонија11 часа

Демократскиот сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители...

Култура11 часа

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, мецосопран (1973 – 2024), објави НУ Национална опера и Балет. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на...

Македонија12 часа

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата...

Македонија12 часа

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службената положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион13 часа

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет13 часа

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет16 часа

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет16 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено, вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа16 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет16 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија1 ден

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија1 ден

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ1 ден

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија1 ден

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија1 ден

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија1 ден

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...