Македонија
Кривичнa пријава за Цаноски
Против инвеститорот и изведувачот на комплексот „Космос“ се поднесени кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот
Против инвеститорот и изведувачот на комплексот „Космос“ се поднесени кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот, соопшти градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски. Како инвеститор и изведувач на објектот „Космос“ се јавува фирмата на пратеникот и лидер на ПЕИ, Фијат Цаноски.
„Бидејќи градбата се изведувала спротивно на Законот за градење, спротивно на основниот проект против сите учесници во градбата, инвеститорот, изведувачот, надзорот ќе се преземат соодветни постапки. Против инвеститорот и изведувачот на објектот „Космос“ поднесени се кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот“ изјави Трајковски.
Тој ја демантираше информацијата на Цаноски дека временскиот период за спроведување на решението за отстранување на градбата бил многу мал.
„Во тој временски период тој ја немаше ни отпочнато постапката за спроведување на решението за отстранување на градбата. Напротив тој продолжи со градењето, така да инспекторката на лице место во присуство на инвеститорот во присуство на изведувачот констатира дека во тој временски период кога тој требаше да отпочне со отстранување на градбата тој имаше правено активност бетонирање на столбови. Видовме дека инвеститорот нема намера да започне постапка за отстранување на објектот, започнавме со прислино административно извршување на решението донесено од инспекторатот. Доколку инвеститорот имаше почнато активност за отстранување на објектот и побараше од општина Гази баба да му се продолжи рокот, ние ќе го продолжевме рокот“ рече Трајковски и праша по кој основен проект ја изведувал постоечката градба, дали е тоа бил основниот проект кој е заверен од страна на општина Фази Баба или тоа е основниот проект кој што е донесен за измени на основниот проект во текот на градбата.Цаноски, чиј комплекс „Космос“ од минатата недела се руши денеска најави дека ќе ја тужи државата пред судот во Стразбур.
Комплексот “Космос“ почна да се руши минатата недела бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба што го издале службите на Општина Гази Баба.
Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.
Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

