Македонија
Русија очекува НАТО да ги објасни извештаите на WikiLeaks
Кремљ очекува објаснување од НАТО за извештајот на Викиликс за плановите на Алијанста за за заштита на балтичките земји од Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во четвртокот
„Ние ги поставевме овие прашања и очекуваме да ни се одговорат. Сметам дека имаме право на тоа“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.Во извештајот Викиликс, беше наведено дека НАТО во јануари годианва изготвил план за заштита на Естонија, Латвија и Литванија против евентуален напад од Русија.Лавров потсети дека во декември 2009 г., Москва и Брисел го имаа накратко нивниот прв состанок на висок ниво, кога се одржа состанокот на министрите за надворешни работи, бидејќи нивните односи беа замрзнати по војната на Русија со Грузија во август 2008 г.„Од една страна, НАТО бара договор со нас на заедничка соработка, а од други, носи одлука дека треба да се брани. Кога НАТО е повеќе искрен?“, рекол Лавров. Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО. Андерс Фог Расмусен потврди за медиумите дека Алијансата не ја гледа Русија како непријател и ниту таа претставува закана за Русија.„Ние сакаме да се движиме напред во нашите заемни односи и сакаме да го одржиме и продлабочиме позитивниот дух на партнерство, што се постигна во Лисабон (во текот на Русија-НАТО самит во ноември)“, рече Фог Расмусен во четвртокот.Тој одби да го коментира за протекувањето на доверливи дипломатски извештаи.Претходно во средата, рускиот претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин ијзаив дека Русија ќе побара од НАТО да отстапи од својот таен план, според кој би ги бранела трите балтички држави од воен нападВо доверливите депеши што ги објави Викиликс, НАТО тајно одлучил да го прошири својот одбранбен план за Полска, така што во него би се вклучиле и Естонија, Летонија и Литванија.„Мораме да добиеме некои гаранции дека НАТО е отстапи од таквиот план, бидејќи Русија и НАТО не се непријатели“, рече Рогозин.Тој смета дека и покрај негирањето на официјални претставници на НАТО, овој планот очигледно бил вперен против Русија.Русија очекува НАТО да ги објасни извештаите на WikiLeaksКремљ очекува објаснување од НАТО за извештајот на Викиликс за плановите на Алијанста за за заштита на балтичките земји од Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во четвртокот„Ние ги поставевме овие прашања и очекуваме да ни се одговорат. Сметам дека имаме право на тоа“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.Во извештајот објавен WikiLeaks, беше наведено дека НАТО во јануари годинава изготвил план за заштита на Естонија, Латвија и Литванија против евентуален напад од Русија.Лавров потсети дека во декември 2009 г., Москва и Брисел го имаа накратко нивниот прв состанок на висок ниво, кога се одржа состанокот на министрите за надворешни работи, бидејќи нивните односи беа замрзнати по војната на Русија со Грузија во август 2008 г.„Од една страна, НАТО бара договор со нас на заедничка соработка, а од други, носи одлука дека треба да се брани. Кога НАТО е повеќе искрен?“, рекол Лавров. Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО. Андерс Фог Расмусен потврди за медиумите дека Алијансата не ја гледа Русија како непријател и ниту таа претставува закана за Русија.„Ние сакаме да се движиме напред во нашите заемни односи и сакаме да го одржиме и продлабочиме позитивниот дух на партнерство, што се постигна во Лисабон (во текот на Русија-НАТО самит во ноември)“, рече Фог Расмусен во четвртокот.Тој одби да го коментира за протекувањето на доверливи дипломатски извештаи.Претходно во средата, рускиот претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин ијзаив дека Русија ќе побара од НАТО да отстапи од својот таен план, според кој би ги бранела трите балтички држави од воен нападВо доверливите депеши што ги објави Викиликс, НАТО тајно одлучил да го прошири својот одбранбен план за Полска, така што во него би се вклучиле и Естонија, Летонија и Литванија.„Мораме да добиеме некои гаранции дека НАТО е отстапи од таквиот план, бидејќи Русија и НАТО не се непријатели“, рече Рогозин.Тој смета дека и покрај негирањето на официјални претставници на НАТО, овој планот очигледно бил вперен против Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

