Свет
Судските предмети на улица
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмет
РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО НА ТОВАР НА АМАЛИТЕ
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмет
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмети, а особено важни докази или вештачења, лесно може да добијат нозе и да исчезнат. Некои претседатели на судови со кои разговаравме сметаат дека ако се почитува Упатството за начинот на преземање на предметите, кое пред неполни две недели го издаде Министерството за правда, не би требало да има никакви проблеми во трансферот. Но никој не гарантира дека проблеми при селењето нема да има.
За селењето на предметите ќе бидат ангажирани носачи, а таму каде што ќе има помалку предмети за товарање-истоварање, најверојатно работата ќе ја вршат вработените во судските писарници.
Упатството излезе на петти овој месец и моментално го проучуваат претседателите на судовите. Станува збор за физичка, односно за рачна преселба на илјадници предмети, зашто се уште судството не е мрежно поврзано, а ни предметите не се евидентирани и електронски архивирани.
Судовите што ги отстапуваат предметите, во овој кус рок за селење ќе треба да ги разведуваат заведените предмети во соодветни уписници и именици, а оние што ги прифаќаат, ќе ги облечат во нови обвивки, под кои ќе останат старите, но прецртани. Примопредавањето на незавршените предмети во кои има докази ќе се одвива комисиски. Ќе се заведуваат сите детали и податоци за идентификација на предметот во записник, кој на крајот се запечатува со црвен восок. Тоа ќе се прави за секој предмет посебно. Во Упатството е пропишано како ќе се заведуваат и доказите за предмети кои се доверени на чување на друг орган, како поголемо количество дрога во МВР или пари, злато и друг накит во Народната банка.
Ќе има преселби на предмети по неколку основи. Ќе се селат предметите за организиран криминал од основните судови во т.н. специјализирани одделенија, откако ќе се формираат во основните судови Скопје 1, Битола, Тетово, Струмица и Штип.
Ќе има рокада на предмети меѓу двата најголеми суда во Македонија, меѓу Основниот суд Скопје 1, кој со новиот закон од први овој месец станува кривичен суд, и Основниот суд Скопје 2 кој, пак, прераснува во исклучително граѓански суд и ќе суди само граѓански предмети. Околу 2.500 до 3.000 незавршени кривични предмети од Скопска двојка ќе треба да преминат во Единица и приближно толку незавршени граѓански предмети ќе треба да се преселат во обратна насока, од Единица во Двојка.
Потоа ќе се случува и преселба на предмети од судовите со основна во судовите со проширена надлежност. Тоа значи дека незавршените предмети, за кои е предвидена казна над пет години затвор или со парична казна над 15.000 евра, ќе се селат во судовите со проширена надлежност, какви што со новиот закон ќе бидат вкупно десет основни судови во Македонија.
Правосилно завршените предмети си остануваат во архивите на судовите што ги воделе постапките и тие нема да се селат.
Ова ќе биде втора голема селидба на судски предмети во последниве десетина години, по реорганизацијата на судството во 1996 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот генерален секретар на ОН до Трамп: Ова е единствената земја што ја имаме, немаме каде да одиме
Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се врати на глобалните напори за борба против климатските промени, на денот кога ќе започнат разговорите за климата COP30 во Бразил. Белата куќа, сепак, возврати, тврдејќи дека ваквите климатски цели ги уништуваат другите земји и дека претседателот нема да ја загрози економската и националната безбедност на САД, објави Скај њуз.
Во разговор за Скај њуз пред самитот, Бан го нагласи глобалниот карактер на заканата. „Климатската криза не се грижи каде живеете, [дали во] САД, Кина или европските земји“, рече тој. „Ако живееме заедно, сите живееме. Ако умреме, сите умираме заедно.“
Тој кажа дека е „многу тажно“ што САД – „најмоќната, најснаодливата и највлијателната земја“ – се повлекуваат од Парискиот договор по втор пат. Бан Ки-мун, кој ги водеше ОН кога беше постигнат историскиот договор во 2015 година, сега го предводи Глобалниот граѓански центар, кој работи на спроведување на договорот и Целите за одржлив развој на ОН.
Тој ги повика богатите западни земји, не само Америка, да ги засилат своите напори. „Тие треба да покажат најсилно можно лидерство и тоа треба да биде приоритет број еден. Ова е единствената земја што ја имаме. Немаме каде да одиме“, рече тој.
фото: принтскрин
Свет
Стернлихт, милијардерот за недвижности за Мамдани: Ќе го претвори Њујорк во Мумбаи
Милијардерот и инвеститор во недвижности, Бери Стернлихт, го нападна новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, предвидувајќи масовен егзодус на луѓе и бизниси од градот. Стернлихт, претседател и извршен директор на „Старвуд Капитал Груп“, компанија со големо комерцијално и станбено портфолио во Њујорк, изрази длабока загриженост за насоката во која се движи градот под ново раководство, пишува CNBC.
„Њујорк како Мумбаи“
Стернлихт рече дека демократскиот социјализам што го заговара Мамдани едноставно не функционира за секторот за комерцијални недвижности. Тој особено ја критикуваше платформата за домување на Мамдани, насочена кон замрзнување на кириите.
„И потоа крајната левица навистина полудува и вели дека станарите не мора да плаќаат. Па, не можете да ги избркате ако не платат. Па соседот открива дека соседот до него не плаќа, па ни тој не плаќа, и следниот не плаќа, а потоа во основа го претворате Њујорк во Мумбаи“, живописно опиша Стернлихт.
Тој нагласи дека не разговарал со Мамдани пред изборите, ниту финансиски го поддржувал својот противник, поранешниот гувернер Ендру Куомо.
„На инвеститорите им требаат повеќе субвенции“
Стернлихт ги издвои превисоките трошоци за развој и управување со имот како еден од клучните проблеми на градот, обвинувајќи ги директно синдикатите за ова. Тој очекува ситуацијата само да се влоши под администрацијата на Мамдани.
„Секој проект во Њујорк вреден повеќе од 100 милиони долари мора да помине преку синдикатите, а тоа е исклучително скапо. Тоа води до исклучително скапи станови. Други инвеститори се обидоа да постигнат договори со синдикатите, но тие владеат со Њујорк, и тоа е една од клучните причини зошто „сините држави“ се толку скапи и зошто е толку тешко да се зголеми понудата на станови“, рече Стернлихт.
Според него, решението не е во замрзнување на кириите, туку во зголемување на понудата на станови, што е економски неизводливо во сегашните услови без значителни владини субвенции и концесии од синдикатите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Израел изврши нови напади со беспилотни летала врз Либан
Денес, израелската армија изврши нов напад во јужен Либан, при што неколку лица беа повредени, според медиумските извештаи, пренесува „Анадолу“.
Официјалната новинска агенција ННА соопшти дека израелски дрон удрил автомобил во близина на градот Бајсарија во округот Сидон.
Update from Southern Lebanon.
Disarming Hezbollah, one terrorist at a time. The problem? They are outpacing us. pic.twitter.com/i0ysLRLmdb— Mossad Commentary (@MOSSADil) November 10, 2025
Не се објавени детали за бројот на жртви. Агенцијата, исто така, наведе дека израелски беспилотни летала летале над регионот Иклим ал-Туфа на средни височини. Нема коментар од израелската армија за медиумските извештаи.
Две лица беа убиени во израелските напади во неделата.
Тензиите во јужен Либан се зголемуваат со недели, при што израелската војска ги интензивира речиси секојдневните воздушни напади врз либанска територија, велејќи дека ги таргетира членовите на Хезболах и нивната инфраструктура.
Израелската војска уби повеќе од 4.000 луѓе и рани речиси 17.000 во своите напади врз Либан, кои започнаа во октомври 2023 година и ескалираа во голема офанзива во септември 2024 година.
Фото: принтскрин

