Македонија
Дигитализацијата на катастраските планови се одвива побрзо од планираното
Агенцијата за катастар на недвижности во петокот информираше дека процесот на дигатилазција на катастарските планови, се одвида повеќе од успешно и се очекува истиот да биде завршен и пред предвидениот рок.
Во соопштението се наведува дека досега во вкупно 1.145 катастарски општини или 60,07 отсто од вкупниот број на катастарски општини се завршени со дигитализација на аналогните катастарски планови. Од нив 21,2 отсто се во завршна фаза на усогласување со базата на податоци од електронскиот катастар и за многу кратко време ќе бидат мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар,
Истовтемено во 741катастарски општини или 38,9 отсто од вкупниот број на катастарски општини или 44.44 отсто одтериторија на државата се комплетно завршени, усогласени и мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар и истите се во секојдневна употреба.
Крајниот рок за дигитализација на целата територија на Република Mакеодoнија со дигитални катастарски планови е декември 2015 година, прoценките на Агенцијата се дека со ова темпо на работа дигитализацијата ќе заврши неколку месеци порано.
Проектот на дигатилизација се одвива во соработка со Светска банка.
Дигитализацијата на катастарските планови, значително ја скратува постапката за запишување во катастарот на недвижности која вклучува изработка на геодетски елаборат.
Имено, граѓанинот кој сака да изврши физичка делба на парцела, се обраќа до приватната геодетска фирма, која од својата канцеларија прибавува електрoнски извадок од дигитaлниот катастарски план од електронскиот катастар за парцелата која е предмет на делба, ги врши теренските мерења, изработува дигитален геодетски елаборат кој го проверува преку електронскиот шалтер дали е коректно изработен и ако е го потврдува и прикачува во електронскиот катастар со што му издава документ – потврда на граѓанинот со бројот на изработениот елаборат.
Граѓанинот потоа оди кај Нотарот кој ја изготвува потребната документација, електронски ја поднесува пријавата за запишување на која го прикачува дигиталниот геодетски елаборат и понатаму предметот се работи во соодветното оделение за катастар на недвижности. По запишувањето, граѓанинот новиот имотен лист може да го добие кај нотарот или геодетската фирма. /крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски.
Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг. Редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, вредности што заеднички го градат системот во кој сите учествуваме и веруваме.
Управата за јавни приходи веќе достави персонализирани известувања до сите обврзници со пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.
Во тек е спроведување на активности и мерки во координација со сметководителите и обврзниците, со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Важно е да се внимава на роковите, бидејќи за секој ден на задоцнување се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг, како и изрекување на дополнителни глоби. Оттука, потсетуваме на обврската за точно, целосно и навремено плаќање на поднесените ДДВ-04 пријави. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно. УЈП апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, со цел да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици. За дополнителна помош и поддршка, даночните обврзници и сметководителите можат да се обратат преку е-пошта на [email protected] или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен). Вашата дисциплина денес е вашата предност утре.
Економија
„Алкалоид“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI
35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical Ingredients).
Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржува од 28 до 30 октомври во Франкфурт, Германија, а тимот на „Алкалоид“ и оваа година има репрезентативно и современо саемско претставување, преку кое недвосмислено ја пренесува компаниската парола Здравјето пред сѐ!
„За ’Алкалоид’ CPhI претставува стратешка глобална платформа за следење на најновите научни и технолошки достигнувања во фармацевтската индустрија. Како компанија, уште во раните 2000-ти години ги препознавме можностите што ги нуди овој глобален собир како во делот на вмрежувањето и градењето партнерства така и во поглед на следењето на клучните трансформации и иновации во рамките на генеричката фармацевтска индустрија. За ’Алкалоид’ CPhI овозможува директен увид во најновите трендови и технологии – од вештачката интелигенција и одржливите производствени практики до нови молекули, формулации и решенија за оптимизација на глобалниот синџир на снабдување.
CPhI е единствена можност за средби со постојни и потенцијални партнери – производители, добавувачи, регулаторни консултанти и истражувачки центри – со што се поттикнува создавањето нови синергии и партнерства“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Како водечка светска платформа што ги поврзува фармацевтските професионалци, годинава CPhI во Франкфурт собра повеќе од 62.000 посетители и над 2.400 изложувачи од целиот свет. Во текот на своето три и пол децениско постоење, CPhI прерасна во најголемата меѓународна фармацевтска заедница, која обединува стотина илјади експерти и компании што активно придонесуваат кон развојот и напредокот на глобалниот синџир на динамичната фармацевтска индустрија.
(ПР)
Економија
„Сетек“ ја претставува најновата генерација енергетски ефикасни решенија на „Енерго Технома 2025“
Александар Медарски, директор на брендот Мидеа и Игор Рибески, проект менаџер на Сетек Солар, ги презентираат иновациите што носат заштеда, одржливост и енергетска независност.
Компанијата Сетек, долгорочен партнер на брендот Мидеа, ќе се претстави на претстојниот саем Енерго Технома 2025, водејќи се од стратегијата за промоција на енергетската ефикасност и одржливите технологии на македонскиот пазар. На овој водечки настан во регионот, кој ги обединува компаниите од областа на енергетиката, електрониката и технолошките иновации, Сетек ќе ги претстави најновите производи и решенија кои комбинираат модерна технологија, еколошки стандарди и економична потрошувачка на енергија.
„Енерго Технома е водечки настан во регионот и за нас претставува одлична можност да ги прикажеме нашите најнови решенија, да воспоставиме нови деловни контакти и партнерства, како и директно да комуницираме со нашите клиенти и професионалци од индустријата“, истакнува Александар Медарски, директор на Мидеа.
„Со учеството на саемот сакаме да покажеме како преку модерни технологии и паметна енергетска ефикасност може да се постигне комфор, заштеда и грижа за животната средина“.
На саемот, Сетек ќе го презентира брендот Мидеа со акцент на:
● Midea magnetic boost chileri – централни системи за ладење со магнетни лежишта за максимална ефикасност и речиси бесшумна работа.
● Топлотни пумпи M-Thermal – системи за греење, ладење и подготовка на санитарна топла вода со минимална потрошувачка на енергија, вклучувајќи и технологија со R290 гас.
● Midea Solar Solutions – соларни панели и хибридни инвертери за интеграција со системите за климатизација и топлотни пумпи.
● VRF системи – флексибилни решенија за климатизација на комерцијални објекти.
Медарски појаснува дека топлинските пумпи и фенкоилерите носат значителни придобивки за домаќинствата и компаниите.
„Овие технологии овозможуваат значително пониски трошоци за енергија, намалуваат емисија на CO₂ и се усогласени со современите европски стандарди за енергетска ефикасност. Со комбинација на топлотна пумпа и фенкојлери се добива комплетен систем кој обезбедува греење, ладење и подготовка на топла вода со минимални трошоци за одржување“.
Проект менаџерот на Сетек Солар, Игор Рибески додава дека компанијата веќе пет години успешно соработува со Мидеа и дека на саемот ќе презентира нови решенија за производство и акумулирање на електрична енергија од сонцето.
„За прв пат ќе ги покажеме нашите инвертори и батериски системи за домашна, комерцијална и индустриска употреба, кои им овозможуваат на клиентите да ги намалат сметките за електрична енергија до 70% во споредба со традиционалните системи“, нагласи Рибески.
Тој исто така потенцира дека интересот на македонскиот пазар за соларни панели постојано расте.
„Секој кој сака да инвестира во „зелена енергија“ треба да се потпира на врвниот квалитет на Мидеа и на професионалната поддршка на нашиот тим. Само со добра анализа и проект се стигнува до најдоброто и исплатливо решение“.
И Медарски и Рибески се согласуваат дека ваквите саеми имаат значајна улога во подигнување на свеста за енергетска ефикасност и воведување на одржливи технологии во секојдневието.
„Настани како Енерго Технома се вистинска можност за едукација на јавноста, размена на искуства и запознавање со најновите решенија кои носат реални придобивки – пониска потрошувачка, заштеда и чиста енергија“, заклучува Медарски.
Со своето присуство на Енерго Технома 2025, Сетек ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржливост и енергетска ефикасност, нудејќи решенија кои комбинираат комфор, заштеда и грижа за животната средина.
(ПР)

