Македонија
Американската амбасада ја најави лотаријата за иселенички визи за 2015 година

Амбасадата на САД во Скопје објави дека пријавувањето за учество во програмата Лотарија за добивање на иселенички визи („Зелена карта“) за 2015 година, ќе започне во 18:00 часот во вторник, 1 октомври 2013.
Рокот за пријавување истекува во сабота 2 ноември 2013 во 18:00 часот, но се препорачува до заинтересираните лица да ги пополнат апликациите порано.
Пријавувањето за лотарија за иселеничка виза за 2015 се врши по електронски пат; апликации на хартија не се прифаќаат.
Стејт Департментот на САД создаде посебна веб страница за пријавување на лотаријата за иселенички визи. За повеќе информации, посетете ја веб страната http://www.dvlottery.state.gov/.
Симнувањето од веб страна, пополнувањето и испраќањето на апликацијата за учество во електронската лотарија не се наплаќа. Пријавувањето на програмата не гарантира дека апликантите ќе бидат прифатени./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска за пресудата: Ова е победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Судот денес го прогласи за виновен Сулејман Љамалари кој ја нападна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и му изрече казна затвор во траење од 2 две години.
По пресудата, се огласи Арсовска која кажа дека ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
„Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена“, рече Арсовска.
Македонија
Забраната за движење во шумите се продолжува до 30 септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.
Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.
„Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина“, велат од Министерството.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.
Македонија
Николоски: Сѐ уште поранешни комунистички структури се борат против демократска Македонија

Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додава дека по влезот на земјата во НАТО биле креирани лажни извештаи за членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои биле дискредитирани во странски земји.
„Ова за жал е пракса која се повторува од Независна Македонија. До сега можам да се сетам на три претходни случаи кога се злоупотребувала Тајната служба. Дали тоа било во деведесеттите години, дали беше аферата Големото уво или беа прислушкуваните разговори и еве за жал четврти пат се злоупотребува и секогаш жртва е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно говори дека антидемократските елементи во општеството се борат против демократско ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сакаат демократија во Македонија и не сакаат демократските структури да надвладеат во Македонија. Тие сакаат структурите на поранешниот комунистички режим на поранешна Југославија да продолжат да владеат со Македонија. Ние се спротивставуваме на тоа и затоа ова се случува. Така што работата е многу поголема отколку што изгледа и има многу подлабока позадина“, вели Николоски.
Точно е дека јас алармирав додека бевме во опозиција, додава тој, дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е следен, дека видни членови вклучувајќи и себе на партијата се следени, новинари бизнисмени се следени итн.
„Но алармиравме и за една друга работа, а дека тоа е дека другата безбедноста агенција, а тоа е Агенцијата за разузнавање создавала лажни извештаи особено после членството на Македонија во НАТО со кои се оцрнуваа луѓе со провакво или пронакво влијание коешто е различно од прозападното влијание иако тоа е смешно да се тврди особено за ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид историјата на партијата и кои сите сме ние и каква семејна позадина имаме, идеолошка и политичка позадина имаме. Но тоа беа извештаи кои беа создавани со цел да биде дескридитирано раководството на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, ниту едната ниту другата операција успеа, промените се случија на минатогодишните парламентарни избори, сега е време за одговорност“, рече Николоски.
Тој додава дека сега работата е во рацете на правосудните органи, кои досега многу често паѓале на испитот, но, вели тој, се надевам дека овој пат ќе го положат.
„Јавноста и граѓаните очекуваат разрешници, очекуваат одговори и тие одговори можат да се дадат само низ правосудните органи. Обвинителите и судиите да го кажат последниот збор, затоа што така е во една демократска држава. Јас се надевам дека тие тоа ќе го направат, во спротивно и тие можат да станат жртви, еве гледате има шпекулации дека за еден поранешен Јавен обвинител била жртва на следење, така што или да ги постават демократските механизми во Македонија или самите ќе станат жртва“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.