Македонија
Митриновски: Апсолутно не е точно дека за случајот со Бајруш сум зел пари
Претседателот на Апелацискиот суд, Јордан Митриновски кој треба да одговара пре Судскиот совет за случајот со Бајруш Сејдиу, ги отфрла шпекуалациите дека за оваа одлука зел пари
„Апсолутно тоа не е точно. Јас слушнав дека некој друг функционер од власта, дека наводно, дали зел пари, дали му било понудено, па дека тој извршил притисок врз мене и судијата Исамил. Отворено со чиста душа и со чисто срце ви кажувам, ниту некој со мене стапил во контакт, ниту во било која ситуација ми е понудено такво нешто. Сите знаат дека таквите работи веднаш ги отфрлам и дека не ми е метод на работа таквата постапка и никој не се осмелува да дојде кај мене, па камоли да ми понуди мито или нешто друго“ рече Митриновски. Тој реагира на одлуката на Врховниот суд и вели дека тие се уште немаат одлучено за жалбите за притворот и дека апелацискиот суд одлучувал само за жалбата за гаранција. Според него, одлуката на Врховниот суд е незаконсја и неуставна.„Пред мене е решенеието за притвор и има поднесено две жалби на притворот. Во врска со тие жалби не сме одлучиле и не сме донеле одлука, се подготвуваме да донесеме одлука пред некој ден меѓутоа бидејќи итно ни беше побаран предметот од Врховниот суд останавме без одлука по тој предмет. По тој предмет притворот трае до 19 декември. Значи наша обврска е во наредните денови да се произнесеме по тоа“ вели Митриновски и тврди дека за време на расправата што се водела пред Врховниот суд било изменето барањето за за заштита на законитоатоста и одлучувале за решение за жалба за притвор, наместо за решение за жалба за гаранција.Неговата одлука Митриновски ја заснова на одлуките на судот во Стразбур, кој што секогаш се потенцира, наместо најстрогата мерка, судовите да прибегнуваат кон примена на поблагите мерки.„Ние добивме предмет редовно како што добиваме и во секој случај, предмет по жалба на одбиена гаранција, значи потенцирам, пред Основниот суд, бил поднесен предлог за прифаќање на гаранција во износ 1.4 милиони евра, дел во недвижен имот, дел во парични средства. Одлучувајќи по понудената гаранција, првостепениот суд донел свое решение, со кое ја одбил понудената гаранција и на тоа решение, обвинетиот преку својот бранител поднел жалба. Предметот дојде кај нас по жалба на одбиена гаранција, што е редовна постапка. Тогаш се уште немавме добиено предлог на жалба на решение за притвор. Со оглед на тоа дека одлуката беше само по гаранција, ние одлучивме понудената гаранција во назанчаениот износ да ја прифатиме и класичниот притвор да го замениме со куќен притвир со понудената гаранција“ објанува Митриновски и вели дека во решението на кривичниот совет на бајруш му е дадено правото на жалба.Министерот за правда, Михајло Маневски пак не сакаше да ги коментира судксите одлуки. По одлуката на Апелација за трансформирање на класичниот пртитвор за Бајруш во домашен притвор со гаранција од 1,4 милиони евра, Врховниот суд ја отфрли овааа одлука и го прогалси второстепениот суд за ненадлежен и поднесе иницијатива за утврдување на одговорноста на двајцата судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

