Контакт

Свет

Бомба во Пакистан, многу жртви

Објавено пред

Бомба утрово експлодира пред центар за раселени лица во северозападен Пакистан и се стравува дека има многу загинати, објавува Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори и сведоци на инцидентот.

dobivaj vesti na viber

„Луѓето беа наредени пред канцеларијата за да се регистрираат и се случи експлозијата“, изјави Рафел Хусеин, жител на областа.

Според полицијата, првичниот биланс е најмалку 20 загинати лица



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас

Објавено пред

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште.

dobivaj vesti na viber

– Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел, соопшти израелската војска.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, ИДФ не дава информации за жртвите. Војската соопшти дека „се преземени голем број чекори за да се минимизира ризикот од повредување цивили“.

– „Ова е дополнителен пример за систематска злоупотреба на цивилната инфраструктура од страна на терористичката организација Хамас што го прекршува меѓународното право, истакна армијата.

Палестинските власти соопштија дека најмалку 22 лица, претежно жени и деца, загинале во израелскиот напад врз училишниот комплекс. Портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, рече дека проектилот го погодил училиштето Ал-Зајтун во близина на градот Газа, кое служело како засолниште за илјадници луѓе.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах и Израел може да доведе до поширок регионален конфликт.

dobivaj vesti na viber

„Ќе направиме се што можеме за да спречиме избувнување на поширок конфликт. И работиме многу напорно за да го сториме тоа“, им рече Бајден на новинарите, според Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во текот на викендот во Делавер имал многу успешна средба со лидерите на Quad, во која се Австралија, Индија и Јапонија.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Чиле

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле вечерва, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил на длабочина од 47 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил под морето, 110 километри северозападно од градот Виња дел Мар, кој има околу 300.000 жители.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на...

Свет7 минути

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах...

Свет30 минути

Израелските сили извршија десетици воздушни напади врз јужен Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан. „ИДФ врши „широки“ напади врз...

Македонија2 часа

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Топ18 часа

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ19 часа

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ19 часа

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...

Топ20 часа

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ21 час

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија1 ден

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија1 ден

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа2 дена

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија2 дена

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија2 дена

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа2 дена

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија2 дена

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија2 дена

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија2 дена

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија2 дена

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...