Контакт

Вести

Кај трудница по враќање од Колумбија во Шпанија дијагностицирана зараза со зика вирусот

Објавено пред

Бремена Шпанка којашто патувала во Колумбија е заразена со зика вирусот, објави во четвртокот шпанското министерство за здравство, и ова е првиот случај на заразена трудница во Европа.

dobivaj vesti na viber

Пациентката била прегледана во Каталонија откако се појавиле симптомите по патување во Колумбија, се наведува во соопштението на шпанското министерство за здравство. Таа била на списокот на седумте случаи во Шпанија, на лица кои биле во допир со вирусот патувајќи во регионите во кои има епидемија.

Шпанските здравствени власти додаваат дека жената е во втората третина од бременоста, како и дека нејзиниот случај не е тежок.

Вирусот се пренесува од човек на човек преку каснување на ткн тигрест комарец (Aedes Aegypti) и може да предизвика невролошки компликации. Симптомите се манифестираат 3 до 12 дена по каснувањето и се слични како кај грип, чикунгуне и денга треската: висока температура, конјунктивитис, главоболка, исфрлање на кожата, болки во зглобовите и мускулите.

За оваа болест нема лек ниту вакцина, туку само се ублажуваат симптомите. Со навремено обраќање на лекар лесно се избегнуваат натамошни компликации, меѓутоа претставува особена опасност за бремените жени, бидејќи може да предизвика спонтан абортус или да се пренесе на фетусот и да доведе до појава на микроцефалија (мали димензии на мозокот) кај детето. Поради тоа Свеската здравствена организација (СЗО – WHO) прогласи вонредна состојба на глобално јавноздравствен план.

Првите случаи се регистрирани кон крајот на декември на Мартиник, а во Латинска Америка се опфатени петнаесетина земји меѓу кои и Колумбија, која е втората тамошна земја најзафатена со епидемијата по Бразил, а е пријавени и во Салвадор, Гватемала, Француска Гвајана, Хондурас, Мартиник, Мексико, Панама, Порторико, Парагвај, Суринам и Венецуела.

Во Европа веќе се регистрирани повеќе од десет случаи, меѓу лица кои се вратиле од патувања во Латинска Америка, но досега немаше заразена бремена жена.

Седумте „увезени“ случаи се регистрирани во Шпанија, поради нејзините многу тесни врски со Латинска Америка. Министерството за здравство соопшти дека тие случаи не претставуваат опасност за натамошно ширење на вирусот, но најави покренување на протоколот за дејствување на национално ниво од 10-ти февруари.

Вирусот зика ги соочи многуте жени во конзервативно и изразено католички Бразил со дилемата за превентивен абортус или изложување на опасноста да родат дете со микроцефалија, доколку се заразат.

„Некои жени кои се заразиле со вирусот зика во текот на бременоста по каснување на тигреститот комарец веќе се одлучија за недозволен абортус“, вели Артур Тимерман, претседател на Бразилското здружение на заболените од маларија. Грипа активниси, адвокати и лекари покренаа правна битка со Врховниот суд да дозволи прекинување на бременоста во случаи на микроцефалија и во случаите кога трудниците се заразени со вирусот зика и не сакаат бременоста да ја изнесат до крајот. Оваа група во 2012 година ја доби битката која заврши со легализирање на абортусот во случаи на фетус без мозок.

Бразилскиот закон дозволуваше абортус само во случаи на силување и во услови на загрозеност на животот на мајката.

Со повеќе од 4094 случаи на деца родени со микроцелафија од ланскиот октомври и 3.670 случаи поврзани со вирусот зика, наспорит 147-те потврдени за целата 2014 година, Бразил е земјата којашто е најзафатена со вирусот и е во фокусот на вонредната состојба што ја прогласи СЗО.

Во СЗО сметаат дека врската меѓу вирусот зика и експлозијата на случаи на микроцефалија е „високо веројатна, иако не е научно потврдена“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа2 часа

Данско разузнавање: Русија би можела да започне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет3 часа

(Видео) Снежна лавина блокираше хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако лавина блокираше три хотели во...

Свет4 часа

Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска...

Европа4 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион4 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија18 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија18 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија22 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија22 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија23 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија24 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ1 ден

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет1 ден

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет1 ден

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет1 ден

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет1 ден

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...