Македонија
Милошоски на дводневен неформален состанок на ОБСЕ на Крф
Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува во Грција
Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува на грчкиот остров Крф.
Засега нема потврда дали министерот Милошоски, на маргините на дводневниот состанок на Крф, ќе се сретне со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Милошоски синоќа изрази надеж дека ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани.
„Се надевам дека ќе имаме прилика да се сретнеме со нашите грчки колеги и да го продолжиме дијалогот“, рече Милошоски.
„Да испратиме една порака на пријателство до грчкиот народ и да укажеме дека компрмисот и заедничкиот јазик е нешто што е наша цел, но тоа да биде постигнато на рампорвани основи, и без било која страна да се почувствува загрозена или да и биде нарушен националниот дигнитет.
Македонскиот министер вчера допатува на Крф со владиниот лирџет, на кој е испишано уставното име на државата, за што грчките власти, како што соопштија направиле, исклучок, бидејќи недозволуваат прелет ни слетување на македонски авиони.
Во рамките на министерсткиот состанок на земјите членки на ОБСЕ, вчера на Крф се одржаа разговори Русија-НАТО, насочени кон решавање на проблемите меѓу двете страни по ланската руско-грузиска војна.
Шефовите на дипломатиите и други претставници на 56 држави членки на ОБСЕ на Крф дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни предизвици со кои се соочува Европа.
Меѓу нив и за потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури и изнаоѓање на начини и механизми за брз и ефикасен заеднички одговор на можните закани по мирот и стабилноста на државите од европскиот континент.
Состанокот ќе се одвива на три главни теми и сесии, 1. сеопфатна и неделива безбедност-потврда на постигнувањата и разгледување на перспективите, 2. обновување и зајакнување на меѓусебната доверба и разбирање-процена на заканите предизвиците и 3. зацврстување на соработката во Европа – промовирање на безбедноста во Европа. /крај/со/ст/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

