Македонија
Владата им врши притисок на бранителите?
Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов изјави дека денеска, пред почетокот на Собранието им бил извршен неверојатен притисок од страна на Владата
„Вакво нешто не очекувавме од владата, на припадниците на Достоинство им се врши поединечен притисок, и добиваат закани дека доколку дојдат денеска ќе бидат прераспоредени на други работни места или ќе бидат избркани во други градови“ изјави Ангелов за медиумите. Истиот притисок е и во армијата, со што дел од припадниците кои не требало да бидат на работа биле повикани на работа, но Ангелов смета дека постигнале својата цел, затоа што граѓаните има дале огромна поддршка. „Во оваа прилика сакам да го потсетам премиерот Груевски на неговата изјава дадена во две емисии кога кажа дека ни бил понуден хрватскиот закон но ние сме го одбиле и дека владата сеуште стои на оваа понуда, но сеуште нема поместување напред“ изјави Ангелов за преговорите со владата. Ангелов негираше дека Достоинство ќе премине во партијата на Љубе Бошковски. „Доколку Бошковски сака да премине во Достоинство ние ќе го прифатиме како бранител број 1 во 2001 година, но не и обратно“ додаде Ангелов. Љубе Бошковски на шпекулациите дека ќе стане член на Достоинство одговори само дека тој е член на Достоинство, почесен претседател и прв бранител, во целиот овој период. Тој потсети дека полицијата и армијата се‘ уште немаат земено плата, но тие имаат разбирање и доколку Владата сака да разговара со Достоинство, тие ќе излезат само со барањата кои нема да се одразат негативно на буџетот, кои воопшто или многу малку би ја чинеле Владата. „Владата досега не исполни ништо освен што ги повлече тужбите од МВР против семејствата за инвалидите и загинатите но ниту едно друго барање не е исполнето“ изјави Ангелов пред почетокот на Собранието. Според Ангелов, денешниот ден 14-ти март кога во 2001 година започна конфликтот, не е порака на помирување со припадниците на УЧК, но работат заедно со Албанците кои лани присуствуваа на протестите со професионалните војници во голем број.
„Помирувањето се случи во 2001 година. Свесни сме дека мораме заедно да живееме и не сакаме да шириме национална нетрпеливост“ рече Ангелов и додаде дека денеска во Селце УЧК ќе одбележат јубилеј од конфликтот.
Здружението на припадници на безбедносните сили на Македонија Достоинство денеска во Универзалната сала во Скопје го одржа своето четврто отворено Генерално собрание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

