Свет
ЕУ го казни Интел со рекордни 1,06 милијарди евра
Европската комисија денеска го казни најголемиот светски производител на компјутерски чипови на светот Интел со 1,06 милијарди евра за кршење на
Европската комисија денеска го казни најголемиот светски производител на компјутерски чипови на светот Интел со 1,06 милијарди евра за кршење на конкуренцијата.
„Ова е највисока казна што досега сме ја определиле“, изјави во Брисел еврокомесарката за конкуренција Нили Кроес, додавајќи дека комисијата испитува сериозни случаи за да ги заштити потрошувачите.
Европската комисија оцени дека американскиот Интел незаконски ги истиснувал конкурентите од компјутерскиот пазар.
Досега највисока казна, што ја изрекла Европската комисија, беа 899 милиони евра за американскиот производител на компјутерска опрема Мајкрософт, поради несоработка со ЕК и непочитување на конкуренцијата./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте го прекори Зеленски за неговата критика кон Шолц
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го прекори украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите критики на германскиот канцелар Олаф Шолц, нарекувајќи ги „неоправдани“.
Зеленски го критикуваше Шолц за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тој, исто така, постојано јавно изразува неразбирање за одбивањето на канцеларот да испорача крстосувачки ракети Таурус.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека германската поддршка за Украина е без преседан и е втора по САД по обем и затоа Киев „треба да му биде благодарен на Шолц“.
Истовремено, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, го повика идниот американски претседател Доналд Трамп да продолжи со воената поддршка за Украина.
Според Саливан, за да се постигне фер договор меѓу Русија и Украина, потребни се „лостови на влијание“.
РЕ-Ново
Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
Фонтаната „Ди Треви“ во Рим денеска повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.
Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.
На инаугурацијата на оваа знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, како и советникот за туризам на градот Алесандро Онорато, советникот за култура Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство Клаудио Паризи Пресиче.
Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.
Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави Гуалтиери.
За време на работите за одржувањето, беше поставена патека за туристите да можат да ја видат римската знаменитост додека се чистеше.
На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „корпата“ во преминот, со што ја изразија својата желба да се вратат во Вечниот град.
Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.
Свет
(Видео) Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, додека републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, ќе го продолжат притисокот врз правата на ЛГБТК.
„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и средни училишта“, рече новоизбраниот претседател на настанот за млади конзервативци во Феникс, Аризона.
Во говорот во неделата, Трамп даде големи ветувања за вториот мандат и ги окарактеризира како темна слика, четирите години што му претходеа под претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Тој ја победи Камала Харис на претседателските избори во ноември 2024 година.
⚡️Trump announces plans to meet with Putin "as soon as possible" to end the war.
"President Putin said he wants to meet with me quickly. We’re waiting for that, but we need to end this war," stated the U.S. President-elect in Phoenix. pic.twitter.com/nPA95LjZ3r
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 22, 2024
„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, рече Трамп, укажувајќи на неговата инаугурација.
„Ќе ја завршам војната во Украина. Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе спречам, ветувам, Трета светска војна“.
„Златното доба на Америка е пред нас“, додаде тој. Новоизбраниот претседател допрва треба јавно да објасни како планира брзо да ја заврши војната во Украина или да донесе мир на Блискиот Исток.