Македонија
Македонската економија со мали шанси за раст
Малку веројатно е дека македонската економија ќе расте годинава, вели извршниот директор за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, Марк Белка
Малку веројатно е дека македонската економија ќе расте годинава, вели извршниот директор за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, Марк Белка.
„Сметаме дека е малку веројатно оти македонската економија ќе расте годинава, согласно со податоците што досега се објавени, како што се намалените даночни приходи, намаленото индустриско производство, како и согласно со трендот на растеж кај земјите во регионот“, вели Белка во интервју за „Утрински Весник“.
Шефот на ММФ за Европа во контекст на економската криза вели дека за Македонија „основната грижа е високиот дефицит на тековната сметка од околу 13 проценти од БДП минатата година со слично ниво на дефицит проектирано за годинава“.
„Со цел да се намалат надворешните притисоци, Македонија ќе има потреба од позатегната монетарна политика, позатегната фискална политика или, пак, поголемо надворешно финансирање. Фондот е во подготвен став да и’ помогне на Македонија на начин што ќе биде најкорисно“, вели Белка во интервјуто за „Утрински весник“./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

