Македонија
НВО: Пропусти и нерегуларности во неколку избирачки места

Невладината организација НВО коалицијата „Излези да гласаш“ информира за одредени пропусти и нерегуларности на избирачките места во Општина Аеродром, во село Тромеѓа, село Челопек и во село Долно Лисиче.
Невладината организација НВО коалицијата „Излези да гласаш“ информира за одредени пропусти и нерегуларности на избирачките места во Општина Аеродром, во село Тромеѓа, село Челопек и во село Долно Лисиче. „Во избирачкото место 2.715 во општина Аеродром четири лица, гласале со лична карта со изминат рок, но адресата на живеење во личната карта не се совпаѓала со адресата на живеење, запишана во избирачкиот список“ изјави Наталија Еленска, одговорна за односи со јавноста на невладината коалиција НВО „Излези да гласаш“. Еленска вели дека во избирачкото место во 2.691, исто така во општина Аеродром претставник на избирачкиот одбор запишувал податоци за лицата кои гласале и истите ги доставувал до еден од набљудувачите акредитиран од политичка партија. Таа додаде дека во избирачкото место 1.080 во село Тромеѓа забележана е повреда на тајноста на гласањето кога лицето со иницијали М.А извршило јавно гласање за себе и за своите родители. Ист случај е забележен во село Челопек кадешто едно лице извршило гласање за пет лица. „На избирачкото место, 2.715, во Општина Аеродром, на две изнемоштени лица, им било асистирано за време на гласањето, од трето лице, кое наместо нив, го извршило гласањето според сопствен политички избор и убедување“ вели Еленска. Исто така на неколку избирачки места е забележано фотографирање со мобилен телефон на веќе заокружено избирачко ливче. Сите нерегуларности кои набљудувачите на НВО ги забележале веднаш се пријавени кај изборната комисија. НВО има вкупно 1.123 набљудувачи распоредени во шест изборни единици низ целата земја./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.
Македонија
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат

Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат. Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Со отворањето на патот за пристап, како што наведува, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на „Национални шуми“, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот.
– Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел-412 на МВР, две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово со соодветни противпожарни возила, како и екипи на „Национални шуми“ – Подружница Куманово со специјализирани возила за шумски пожари. Активно учество зема и месното население, чија помош беше од големо значење. Како директор на Центарот за управување со кризи, лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност, нагласи Али.
ЦУК соопшти дека вечерва до 18:00 часот на територијата на цела држава има вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а 15 се изгаснати. Освен пожарот во селата Лојане и Табановце, активни пожари има и во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, каде се зафатени пасишта и мешана шума и во кумановското село Черкези.
Македонија
На Табановце се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.